Search This Blog

Thursday, February 16, 2006

Кукавички обид на Телеком повторно да ги изманипулира граѓаните на Македонија

Уште кога го добив Договорот од МТ - кој се однесува за “...Засновање на предплатнички однос за обезбедување на пристап кон јавната комуникациска мрежа и за користење на јавните комуникациски услуги на АД Македонски Телекомуникации....“ (член 1 став три од Договорот), пошто немаше никакво пропратно писмо со него си помислив дека и ова ке биде еден од подмуклите и кукавички потези на МТ во однос на своите “ценети потрошувачи“...

Башка кога земав да го читам договорот ми требаше осем наочарите усте една голема лупа за да го прочитам. Само луѓе кои сакаат да подметнат нешто (како потполошката што подметнува скришно јајца во гнездото на кокошката-и затоа народот ги нарекол таквото подметнување “кукавичко јајце“ прават вакви скриени, подли и кукавички потези.

Знаци едвај го прочитав договорот со помош на две лупи :):) и кои ми беа првичните импресии :

1. Јавноста стручна треба под хитно да реагира, за да не продолжиме и понатака да изиграваме овци..
2. АЕК да се огласи - како што всушност и се оглеси но под притисок на единствената опозиција во македонија - новинарите..
3. Опечен со последната немила случка со АДСЛ договорите - решив да се приклучам уште во старт во напаѓањето на Договорот, лично и преку граѓанскиот сектор во МК...
4. Имав осеќај дека МТ планира да биде уште долго Монопол на пазарот - посто сеуште се однесува “монополски“ - не води грижа за корисниците на неговите услуги...(така ке биде се до оној момент кога владата и АЕК ке му ја овозможуват монополската ситуација на пазарот..
5. Никаде во договорот не сретнав обврска на МТ да искочи со “лиценциран мерач на сообрацај“ ... Неколку пати нагласувам дека ова е против сите прописи на нашето законодавство - Ако на сиротите земјоделци не им давам на пазар да продаваат компири без лиценцирана и атестирана вага - се чудам како АЕК, пазарниот инспекторат и другите надлежни во државата - не прогледаат и не му наредат на МТ да воспостави лиценциран и атестиран мерач на сообраќај....
ОВА СТАЛНО КЕ ГО ПОВТОРУВАМ ДОДЕКА НЕ СЕ ОСТВАРИ...
6. Нема правен совет- поука, што треба да правиме со овој договор и што е тоа што е различно со преходниот.... Бидејки нема правна поука, ова јас лично го сметам за непостоечки документ... - но не се залетувајте не сум јас мериторен за тоа за тоа е мериторен АЕК. АЕК разбуди се...
7. Зошто се наплаќа камата на претплатата и дополнителните услуги од почетокот на периодот на неплаќање на фактурата-сметката.
Што сакам да кажам.
Па согласно член 4 став два “...фактурирањето на месечната предплата за основните услуги како и претплата за дополнителните услуги, се врши однапред за секој месец...“
А само малку подоле во истиот член став 4 стои дека “...во случај на ненавремено плаќање МТ има право да пресметува законска затезна камата од денот кога Претплатникот западнал во задоцнување со плаќањето..“
ОВА Е НАВИСТИНА ГРОЗНО И ПЕРФИДНО..
Само овци стојат мирно кога ги стрижат...Ние треба да се побуниме...

Ова се само дел од моите примедби, за повеќе во друга прилика..
Ги молам сите кои се осеќаат погодени и загрозени да се приклучат во антикампањата што од денес ја поведувам против овој договор..

Инаку за написов има добра сторија во вчерашнит Утински весник.
Линк види тука.

Сега само ке си дозволам да цитирам некои делови од овој напис.

“..Агенцијата за електронски комуникации излезе со свој став..“
- фала богу да си ја одработат платата но не е посочено каде јавно е изразен ставот
- према статутот на АЕК и Законот за ЕК, Аек е должен јавно да го објави овој свој став на својот сајт а јас тами не го видов. Можеи за ова ке ми треба додатна лупа... :):)

“..
Договорот што го добија граѓаните со последната телефонска сметка од страна на "Македонски телекомуникации", според надлежните од Агенцијата за електронски комуникации, претставува усогласување на стандардниот претплатнички договор потпишан при инсталирање на линијата со новиот Закон за електронски комуникации...“
Ова требаше да биде кажано во некаква правна поука која мора да биде составен дел во вакви случаи, таа поука ја ненаше...

...Во Агенцијата нагласуваат дека со договорот, во кој се објаснуваат правата и обврските на корисниците на телекомуникациските услуги и на "Телеком", наспроти реакциите на граѓаните, не се прават некои драстични измени во однос на претходниот. Станува збор само за терминолошки измени. Но, како што истакнуваат од регулаторното тело, иако тие го одобриле договорот, сепак, има недостатоци...“
Па ако имало недостатоци зошто АЕК го одобрил ваквиот договор.. АЕК ПРОБУДИ СЕ..

“...
"Македонски телекомуникации" имал обврска на граѓаните да им укаже за какви промени станува збор, да се наведе кои се измените, бидејќи корисниците во основа не знаат што предвидува Законот за електронски комуникации...“
Ова е една од причините зошто ваквиот договор го сметам за ништавен-непостоечки...

“...
"Телеком" морал јасно да им потенцира на претплатниците дека доколку не се согласуваат со новините, во рок од 30 дена ќе можат да го раскинат договорот, а доколку немаат никакви забелешки, тогаш тоа значи дека граѓаните го прифаќаат документот таков каков што е....“
АЕК зошто ова го одобруваш а сега се правиш заштитник - КАЗНИ ги МТ имаш овластување за тоа..

“...
Член 11 предвидува дека во рок не пократок од 30 дена пред воведувањето на измените може да се раскине договорот, како и тоа дека ќе се смета дека претплатникот се согласил со промената доколку писмено не ги извести "Македонски телекомуникации"..“
Ова е многу важно почитувани мои граѓани....

“...
надлежните од МТ објаснија дека документот се испраќа само со цел корисниците да бидат информирани за правата и обврските...“
Играње на перфидна игра...Ова МТ го прави стално...

“...
Портпаролот на "Телеком", Валентина Неткова, објасни дека граѓаните не треба да го потпишуваат овој договор и не треба да го доставуваат назад, туку само внимателно да го прочитаат, што не се совпаѓа со изјавите од Агенцијата за електронски комуникации дека прво мора да бидат нагласени измените кои ги нуди новиот претплатнички договор, како и можноста за раскинување на договорот. Токму поради овие пропусти, од Агенцијата најавуваат дека наскоро ќе заземат став дали ќе преземат некакви чекори. ..“
АЕК РАЗБУДИ СЕ И ЗАРАБОТИ СИ ЈА ПЛАТАТА
АЕК РАЗБУДИ СЕ И ЗАРАБОТИ СИ ЈА ПЛАТАТА
АЕК РАЗБУДИ СЕ И ЗАРАБОТИ СИ ЈА ПЛАТАТА

4 comments:

Anonymous said...

Навистина треба сите заедно да го кренеме гласот против МТ - само немојте ве молам и вие со блокади по улиците.

Photo Volan said...

Петре - иако сум против продажбата на ЕСМ како и против продажбата на македонските “златни кокошки“ - не сум за протестирање по рецептот на Гласот на светлината..

Размислувам инаку за предлогот на Теко од неговиот блог, во постот за
е-Општество ...e-oва... е-она ... е-Протест!!!

види линк подолу

http://softwaremk.blogspot.com/2006/02/e-o.html

но Теко изгледа самиот размисли и во друг пост друго соопштува

10 години затвор и 250 илјади долари за напад на компјутерска мрежа
еве линк подолу
http://softwaremk.blogspot.com/2006/02/10-250.html

“...Компјутерскиот напад е еден од најтешките криминални дела во САД. Во зависност од тежината на нападот, хакерот може да се соочи со доста високи казни кои вклучуваат и затвор...“

Па теко незнам колку е добро вака -

Прво немам пари толку а и стар сум за да преживеам десет години...

MT said...

е-Протест....тоа беше само смешна идеја и не стојам зад неа.
И секако со неа не треба да се доведат животи во прашање.
Инаку во зависност од тежината на протестот целта на конвенцијалните протести (барем во македонија) е да се блокира владата или парламентот или ЕСМ или незнам што друго....
Зошто да не се направи тоа on-line? :-) ... па е-протест немора да биде напад врз компјутерската мрежа, тој може да се изведе и на друг начин.

Photo Volan said...

Теко

“...Зошто да не се направи тоа on-line? :-) ... па е-протест немора да биде напад врз компјутерската мрежа, тој може да се изведе и на друг начин...“

Теко појасни на што мислиш поконкретно....

Мене ми се допаѓа твојата идеја за е-протести
- што повеќето Македонски
блогери и го прават, преку јавно искажувнје на негативен став према сегашната ситуација
- и секако во своите блогови постираат често за оваа ситуација
- Па веројатно има дежурни аналитичари нашата влада, па ќе ги “услиша желбите“ на своите граѓани
- а пак ИСП компаниите ке ги подобрат своите понуди...

Blog Archive

Site Meter