Search This Blog

Wednesday, March 22, 2006

Гранит ќе го поправа аеродромот во Приштина за 14,3 милиони евра

Македонската градежна компанија Гранит го доби тендерот за обнова и проширување на меѓународниот аеродром во Приштина, од што ќе заработи најмалку 14,3 милиони евра. Крајната вредност на договорот се очекува до достигне и до 20 милиони евра, ако се додадат неколку анекси за дополнителна изградба на околните патишта.
Парите за поправка на меѓународниот аеродром во Приштина ги обезбеди Европската банка за обнова и развој. Гранот треба да почне со градежните работи во втората половина на април, а рокот за завршување на аеродормот е две години.
Инаку, Гранит на тендерот победи 14 други градежни фирми, и беше пласиран пред австрискиот гигант Штрабак, германскиот Папенбург, и домашната фирма Ескаваторе.

Три вести по ред кои ме радуваат. Градежништвото беше некојпат во Македонија со 60.000 вработени. Сегашните бројки не се сигурно повеќе од 22.000 вработени. Гранит остана гордост на нашето градежништво. Некојпат работев во конкурентската Пелагонија. Тогаш имавме скоро 13.000 вработени. Со гранит се јадевме они градеа одлично нискаградба и патишта а ние бевме спесијалисти за градење на фабрики , хали и високоградба.

За разлика од Пелагонија која остана со шака јада од луѓе, кои живееат од рентирање на објектите кои солидарно ги градевме, Гранит е едина градежна компанија која не падна на колена.

Веројатно сево ова се должи на правиот избор на водечкиот кадар.....и обратно....

No comments:

Blog Archive

Site Meter