Search This Blog

Wednesday, March 22, 2006

Основни податоци за Република Македонија - за Интернет пенетрацијата

Владата на РМ на својот сајт има објавено и
Основни податоци за Република Македонија

Сето тоа е супер но податоците се од 2002 година. Некои податоци трпат месечни измени - но на сајтот нема кој да ги менува. е-Влада (пародија)

Еве пример:
Интернет корисници: околу 150.000
Услуги достапни преку Интернет:
  • Dial up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s;
  • Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s; 128kb/s;
  • Пристап преку pre-paid картичка;
  • Пристап преку изнајмени линии.
Вака ако некој Инвеститор сака да гради стратегија за својот Инвестициски план на база на што ке ја гради - на база на податоци од 2002 година?!

Од горното обоено во плаво ке донесе вакви заклучоци. Нема што да барам во земја која дава званични податоци како погоре.

Па земјава дава Интернет пенетрација само 7.4 %. И тоа оваа бројка варира, зависи кој ја дава - Владат - Статистика - или некоја друга државна иституција.

Еве како ЦИА дава податок за
Internet users: 100,000 (2002)

Е сега на кого да му веруваш, кој лаже и зошто ????

Во одговорите напрашалникот на ЕУ имаме наведено:
Во развојот на информатичкото општество, Македонија се соочува со ниска стапка на
Интернет пенетрација (<5%>
поттикнувачки правни регулативи за експанзија на е-commerce, фрагментирани ИТ системи во
јавните институции и тековните институционални реформи. Покрај транзиционите шокови и
слабата економска клима, земјата се соочува и со “дигитална поделеност”.

Сето ова ке го збуни потенцијалниот инвеститор, кој како основна алатка користи Интернет за да направи стратегија за својата инветициона политика. И не е чудо зошто не одминуваат инвеститорите...

No comments:

Blog Archive

Site Meter