Search This Blog

Tuesday, April 25, 2006

Стапката на невработеност во РМ

ИЗВЕШТАЈ НА СВЕТСКАТА БАНКА-Македонија има најголема невработеност во светот

Големата невработеност и малиот економски пораст се последица на

-отсуството на странски инвестиции,

-извозната стагнација,

-неподготвеноста на банките да го кредитираат приватниот сектор

-високата стапка на корупција...

Последниот годишен извештај „Светски развојни индикатори 2006“ на Светската банка покажува дека стапката на невработеност во земјава во периодот 2000-2004 година изнесува 36,7 отсто и е најголема во однос на 52 анализирани земји. Најблиску до нас се Јужна Африка со стапка на невработеност од 28,4 отсто и Ирак со 28,1 отсто.

Според сите економски показатели наведени во извештајот, Македонија заостанува зад регионот и зад другите транзициски земји. Порастот на бруто домашниот производ (БДП) во земјава е убедливо најмал и во периодот 2000-2004 година изнесува само 0,7 отсто. Во Хрватска бил 4,5 отсто, во СЦГ - 4,7, Бугарија - 4,8, БиХ - 4,9, Албанија - 5,4 и во Романија - 5,9 отсто. Скоро сите африкански земји имаат стапка на раст од над четири отсто.

Светската банка порачува дека развојот на приватниот сектор, придонесот на јавниот сектор и инвестициите се основните фактори за намалување на сиромаштијата и за поттикнување на економскиот раст. Експертите на банката сметаат дека добрата инвестицска клима зависи од тоа дали Владата создава простор за фирмите и за претприемачите да инвестираат продуктивно и да создаваат работни места.

Домашните стопанственици и странските инвеститори сметаат дека инвестициската клима во Македонија не е добра и дека Владата прави малку за да создаде поволни услови за бизнис. Тие пред се' се жалат на бирократијата и корупцијата во јавната администрација, недоволната заштита на приватната сопственост, честото менување на даночната политика.

Според директорката на Агенцијата Јасминка Делчева-Диздаревиќ, реалната стапка на невработеност во земјава се движи од 12-15 отсто.Факт е дека бројката од 358.000 невработени не е реална. Ние сме должни да ги средиме списоците и на нив да ги оставиме само тие што навистина се невработени и бараат работа. Кога ќе се тргнат од евиденција лицата што се пријавуваат само поради сини картони, реалната бројка на невработени ќе биде 282.316 лица

Јас во еден друг напис изјавив, а тука ке повторам, дека директорката на агенцијата за “бришење на невработени“ и нашата Влада, за вакво брзо намалување на стапката на невработеност треба да ги номинираме за Нобелова награда за економија !!





No comments:

Blog Archive

Site Meter