Search This Blog

Friday, April 28, 2006

Археолошка и туристичка валоризација на Стоби

ПРОДОЛЖУВА РАБОТАТА НА ДЕЛ ОД СТОБИ -Ќе се прекопува Римскиот форум

Во текот на мај македонските археолози ќе ги продолжат истражувањата на "Римскиот форум" на Стоби. Оваа година нема да се сами и со многу малку средства, бидејќи станува збор за меѓународен проект, кој освен поддршката од Министерството за култура (300.000 денари), пари и стручна помош ќе добијат и од невладината организација од Палермо, Италија, "Меѓународна соработка југ-југ" или популарно позната како ЦИСС. Археологот Мила Шурбаноска од Музејот на Македонија ќе биде раководител на проектот, а ќе ја има стручната поддршка од колегите Антонио Јаќимовски, Бојан Танески и Воислав Санев.

Минатата година за Римскиот форум и Стоби воопшто беше мошне ексклузивна. Беа пронајдени делови од четири мермерни скулптури, со зачувани украсни орнаменти изведени со златни ливчиња. Беа откриени и голем број фрагменти од столбови, изработени од розов мермер. Големо внимание привлече изгубеното или сокриено мало семејно богатство на незнајниот Стобјанин, што се состои од околу 260 сребрени монети од вториот век и меѓу нив два чифта детски златни обетки и два сребрени прстена.

No comments:

Blog Archive

Site Meter