Search This Blog

Saturday, May 06, 2006

Сиромаштија и ММФ

ММФ профитира само од сиромашните земји

Меѓународниот монетарен фонд профитира од економската криза во сиромашните земји во светот, ја пренесе „Макфакс“ веста на хрватската агенција „Хина“.

Експерти заклучиле дека ММФ не може финансиски да преживее доколку во светот нема повеќе економски слаби земји, кои досега под притисокот на меѓународната заедница по правило позајмуваа пари од оваа организација, се вели во веста. Тие сметаат дека ММФ запаѓа во криза поради поголемата стабилност на земјите-членки, кои досега ја полнеле касата на фондот со камати за кредитите од оваа финансиска организација.

Македонски експерти и стопанственици често ја критикуваа Владата бидејќи слепо ги следеше советите на ММФ и економската политика што тој ја наметнуваше. Според нив, рестриктивната економска политика на монетарците предизвика неспоредлив застој во нашата економија.

Македонија е членка на ММФ од осамостојувањето, а за речиси 13 години двете страни склучија десетина аранжмани. Според дел од експертската јавност, парите што Македонија ги доби од кредитите од ММФ се незначително мали и воопшто не придонеле за развој. Стопанствениците повеќе пати искажаа незадоволство од цврстата соработката меѓу Македонија и ММФ со образложение дека тоа го кочи економскиот напредок.

No comments:

Blog Archive

Site Meter