Search This Blog

Thursday, May 11, 2006

Лицемерна стратегија на ЕУ за Балканот

МЕЃУНАРОДНАТА КОМИСИЈА ЗА БАЛКАНОТ во рим усвои декларација-Балканот ќе ја реши иднината на ЕУ

Европската Унија на земјите од Западниот Балкан мора да им понуди реална патека за членство. Таа мора да развие политика што ќе гарантира слободен визен режим, образовни можности и слобода на движење за младите генерации, особено за студентите, како и за бизнисмените од тие земји. Ова се истакнува во Декларацијата на Меѓународната комисија за Балканот, усвоена вчера на состанокот во Рим. Овој документ мошне остар по својата содржина и по пораките е усвоен токму на Денот на Европа.

Се' додека ЕУ не усвои храбра стратегија, која ќе го интегрира Балканот во наредната декада, ќе остане безволна колонијална сила заробена со енормни давачки за места како што се Косово, Босна, па дури и Македонија.

Според Комисијата, на земјите од Западниот Балкан им се понудени бесконечни преговори за асоцирање, а членството нема да зависи од заслугите на тие земји, туку од апсорпцискиот капацитет на ЕУ.

Комисијата додава дека во Салцбург е истакната и „мудрата визна политика“ со која уште повеќе ќе се маргинализира и изолира Балканот од Европа.

Ако ЕУ не го интегрира Балканот во наредната декада, таа ќе остане колонијална сила заробена со енормни давачки за Косово, Босна, па дури и Македонија, се истакнува во Декларацијата


No comments:

Blog Archive

Site Meter