Search This Blog

Wednesday, May 17, 2006

Како да се справиме со крадците на шахти

Сите понекојпат имаме проблем со оваа појава во нашево мизерно време. Си замислувте ситуација. Одите со пријател/ка и наеднаш ве снемува во отворената шахта. Најмала последица е претрпен страф. Поголема последица е кршенје на нога. Посекотина со можно труење.

Ако прошетам било каде во Скопје ке забележам бар неколку вакви отворени дупки.

Зошто ова ни се случува и кој го прави ова?!

По мене во борбата за парче леб, сиромаштијата не бира средства. Ги корне овие капаци и ги носи во оближните одкупни пунктови за стари железа, таканаречени отпади. Можеби овие луѓе ова го прават и од инает и пакост да се одмаздат на оние што имаат. Тоа нека го кажат психолозите.

Како да се заштитиме. Кој да ја заврши работата.
-Со катанци е глупаво. Ке ги искршат.
-Со социјализирање на крадците. Секако. Но тоа е долг процес кој зависи од економската состојба на земјата. Невработеноста и сиромаштијата е толку голема што треба пола становништво да не социјализираат.
-Полиција и казни. Ефикасен метод. Но ако ги фатат. Неможе покрај секоја шахт да стои полицаец.
-Со дојава од загрижени комшии. Ефикасно. Само треба Градоначалнице да се договорат со стотина пензионери, кои волонтерски ке снимаат со фотоапарат случаи со Инфлагранте ситуации. Тоа важи и за оние кои фрлаат отпадоци каде ке им текне. Поготово за градежниот шут мислам.
-Но секако најефикасно е да се заангажираат полицајците и Инспекторите да прошетаат по таканаречените отпади и таму каде ке откријат исправни капаци и шахти - да ги казнат дебело таквите отпади. За да се оствари ова треба градските власти да донесат соодветни комунални прописи и дефинират казни. Дури и во некој закон за прекршоци ако нема веќе член да се стави таков. Казните треба да се ригорозни. Бидејки со овакви дела се загрозуваат и животи.

Инспирација за написов ми беше написот во денешен Утрински Број 2081 среда, 17 мај 2006
Битолската полиција поднесе кривични пријави против тројца малолетници
Лебот го ваделе со крадење на капаци на шахти

Тројца малолетници од битолската населба Баир, кои подолго време заработувале за леб од украдени шахти и сливници, добија кривични пријави.

Битолската полиција по повеќемесечна потрага откри 24 случаи на одземени метални капаци на шахти за атмосферска канализација на ул "Караорман° и "Осма° во населбата Баир. Крадците Ф.А (17), А.А. (14) и Р.А (13) металните капаци ги украле во изминатите неколку месеци, а ги предавале кај откупувачите на старо железо.

Против нив се поднесени кривични пријави до основниот јавен обвинител во Битола за сторени дела тешка кражба и кражба, а од СВР-Битола информираат дека истрагата продолжува и се проширува, така што на тапет ќе се најдат и сопствениците на четирите откупни центри за старо железо во Битола како сторители на кривично дело - прикривање кражба.

"Месечно имаме по околу 200 кражби, како превентива поставуваме бетонски капаци, иако знаеме дека тоа не е решение°, вели Никола Јовановски, директор на "Нискоградба°. Според него, крадците ги продаваат металните капаци за речиси 10 денари килограм или 200-300 денари од парче, а јавното претпријатие за набавка на истите плаќа од 2.800 до 8.000 денари.

No comments:

Blog Archive

Site Meter