Search This Blog

Tuesday, June 06, 2006

Историја - Поимање на Историјата

Ми се допаѓа начинот како колегата блогер Историчар - кибицер
во својот пост
За униформите од пожолтените фотографии и личните истории
ја дефинира Историјата. Т.е. вешто ги третира малите луѓе директни учесници во крупните историски збиднувања.

...Зад секое име се крие лична судбина, секоја дата има по една лична емоција, и секој настан е поврзан со по едно лично видување...

Голема вистина - кога би можело некако да се направи пресек на поголем дел од личните видувања за Историскиот настан тогаш тоа видување на настанот би било изворно и највалидно за мене. Вака Историските вистини се пренесуваат најчесто преку победниците - кои ја наметнуваат својата вистина за Историскиот настан.

Поради вакво непристрасно поимање на историските факти и артефакти можеби најобјективни се Археолозите - кои истражувајки за исчезнатите цивилизации - покушаваат најобјективно да ја вреднуват историската вистина - гледајки со исти наочари без разлика на Националното и Државното потекло на Археологот. Така имаме подударање на дефинициите и описите за Историските случувања на еден Германец, Французин, Македонец, Грк или незнам кој Археолог (по потекло).

Пример за ова е прекрасната изложба за
Технологијата на праисторискиот човек прирредена од Археолошкиот музеј од Загреб, Хрватска - а се однесуваше за ИЗЛОЖБА ЗА ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЧОВЕШТВОТО т.е.Технологијата на праисторискиот човек.

Никој немаше друго видување осем оноа на Презентерот. Можеби нијанси постојат - но нитот е тој.

Нешто слично како дефинирањето во природните науки. Математичките вистини се исти за целиот свет. Или физичките закони важат со подеднакви дефиниции во сите држави.

Ми смета поимањето на Националните истории каде погоимањето на исти Историски настани - секој си ги тумачи од своја Идеолошка матрица. Видете да речеме што се случи со несреќната изјава на нашиот премиер за Заедничкото чествување на Илинден. Колку халабука !!?.

Нема потреба да ви го препорачувам написот на колегата
кибицер. Вие секако сте го прочитале написот кој е прекрасен по својата идеја за различното поимање на Историјата од секоја индивидуа, без разлика на униформата која ја носат луѓето.

Е сега јеби га со некои детаљи од прикаската не би се согласил - но впрочем тоа ми е и поентата.

No comments:

Blog Archive

Site Meter