Search This Blog

Saturday, June 10, 2006

Денеска е Задушница

Ако сакате повеќе да дознаете што представува Задушница за нашиот народ, како ја одбележува нашиот народ и што мисли за неа нашата Црква, прочитајте во предходниот пост Задужница и Духови.

Бидејки има една стара народна – дека човекот умира двапати – еднашка кога физички заминува во овој свет и вторпат кога никој веќе нема да го спомнува, во овој пост ке зборувам за моите блиски, кои во животот ми значеле нешто а веќе не се во овој свет и вака спомнувајки ги во овој пост ке сметам дека сеуште се меѓу нас – еве бидејки во мислите се сеќавам на нив.

Најпрвин би го спомнал мојот татко кој несреќно погинал во повреда на работа. Имено бил столар и таму некаде 58 година од минатиот век работејки на застаклуванје на просторијата за лифт на трите згради кај битпазар, стоејки на трула даска, паднал во провалијата на лифтот и несреќно починал со уште дваица колеги. Имено не ми е целта да ја доловам морничавата слика која ми е раскажана од други луѓе. Целта ми е да кажам дека човекот погинувајки во лифтот на свои 28 години остава фамилија со две деца едно од 3 и едно од 6 години возраст. Тој човек имено за неговата возраст во тоа време доста постигнал. Имал столарска работилница во која работел по завршување на работното време, имал купено стан, близу универзална, кој само сакал да биде времено решение. Имено имал стокмено пари да купи плац некаде под панорама кај тогашните Еврејски гробишта за да прави куќа, за која спремал материјал кој бил складиран во нашето родно село Старо Нагоричане.

Што у ствари сакам да кажам. Не ми е јасно и ден денеска како успејал човекот за толку кратко време на животот да го створи сето тоа. Напоменувам дека три години бил и во војска. Значи ако рачунам дека почнал да заработува за себе од своја 18 година. До 28 се десет минус три – за војската- му останале седум години. Не е замисливо да со свои раце и без некоја голема трговија се направи капитал за да се купи стан и припремат пари за плац и куќа. Но ете на човекот тоа му успеало. Судбината го прекинала во понатамошите напори да ствара и понатака....

Бидејки има многу кои би сакал да ги спомнам а така постот би бил прилично долг – нека ми простат другите ке ги спомнам во некоја друга задушница. Тука сега ке ја спомнам уште мојата баба по мајками која последна не напушти – од моите блиски - од овој свет.

Бабами за разлика од таткоми живееше долго. Родена е во далечната 1910 година и овој свет го напушти 2004 година. Живееше долго и во животот имаше своја филозофија. Ја сакав многу бидејки сите лета додека бев дете ми беше втора мајка и знаеше прекрасно да меси пити. Во една прилика за еден зимски распуст за десетина дена колку што и бев на гости ми месеше десет различни пити. Беше жена со неверојатна меморија. Знаеше да раскажува за случките од животот со часови и се сеќаваше на детаљи и бројки како да биле вчера.

За бабами мојата мајка напиша прекрасно сеќавање кое го пренесов на пост. Види тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter