Search This Blog

Wednesday, June 07, 2006

Скопските Шалтери

Денеска го поминав скоро целиот ден по разноазни шалтери. Плаќав неплатени сметки и тоа за станови во кои не живее никој повеќе години.

Можете да замислите какво ми е чувството сега кога си дојдов дома. Најпрвин поминав во Водовод и поканив екипа конечно да видат дека никој не живее во тој стан. Комисија од дваица дојде и утврди дека навистина никој не живее... Не им беше доволен доказ сметките за струја кои се со нула потрошени киловати со години наназат.

После пак трк назад во Водовод и кога таму едно љубезно девојче ми рече дека ке мора да почека да се вратат инспекторите со записникот , па потоа ке сум морал да поднесам молба до некаква комисија која треба да и го удоволи барањето. Водовод уште живее со компјутери кои работат на ДОС и ужасно им се спори. Бараката каде што работат луѓето само што не се распаднала. Значи последните десетина години за службите што работат нова опрема ЈОК. Важно ги облекле теткиците во плави униформи како да се на школо J.

После трк во Дистрибуција да ги платам сметките кои заостанале за становите во кои никој не живее. 41 денар секој месец плус заедничка струја за скали. Платив за последните три месеци. Но им велам луѓе ми фали една сметка од пред некое време не ми е дојдена и не сум ја платил. Ееееееее ми вика млада теткица на шалтер тие работи се ставени во утужени сметки !!!!!!! Бре си мислам зарем некој ме тужел за 41 денар и тоа само за евиденција се тие пари. Никој не живее таму и не се пали ни сијалица...

Одам кај тетката шефица на правна служба во дистрибуција и и велам така и така работата. Еееееееее вика таа таа сметка ти е утужена и сега ке мора да платиш плус 615 денари за тужбата. Како бе госпоѓо од 41 денар на ништо непотрошено па платам уште 615 денари !!!!!!!. Видов невидов ај викам со убаво ке ја фаќам теткицата. И велам колешке и бивша комшике со раборта. Имено 15 години работев во Пелагонија во Секторот за странство и се гледа мојата канцеларија од нејзиниот прозор. Арно ама и велам транзицијата ја лапна фирмата од 13.500 вработени. Толку броеше Пелагонија кога ја напуштив и се одважив пред 15 години за некаков приватен бизнис, кој сега скоро на никого не му оди. Осим ако не е врзана работа со некоја Мафија – сеедно дали е државна или е вистинска мафија. И така по силно комшиско убедување се смилува теткицата и ми вели ај плати го основниот долг па за другите пари ке видиме. Ке стојат како спорни. И така бидна.

По шалтерите иначе бев со сестрми, која има и таа еден стан – барака во Радишани во која никој не живее. И таа плати струја за незнам колку месеци. Водата и била откажана пред две години. Арно ама губретарината не била откажана !!!!!??????. И сега што трк во Комунална хигиена на шалтер онака измрцварени и бараме како е постапката. Е госпоѓо вика љубезно една теткица. Мора и тука да напишете молба до комисија за да ви одобрат и ке мора на секои шест месеци наново да пишувате молба. И тоа не може ништо да не плаќате – ке мора да плаќате половина од сметката. Но најпвин ке ни треба Извод од состојбата на сметката од Водовод. Ај трк пак во водовод во истата барака на другите шалтери за секоја општина посебен шалтер. И велиме така и така работата ве молиме дајте ни извод .... Добро ни даде ивод и после пак трк во Комунална хигиена да пишуваме замолница .... Додека сестрами пишуваше замолница се шалев со љубезното девојче кое онака ведро беше погодена за шалтерски работник...

Арно ама сестрами ми вели сега ми е последен ден да платам за Грчка виза во банка. Ако не платам ке ми пропадне денот за да ми дадат виза. Ај викам и така денот ми отиде по Македонските шалтери. Ја одбравме Стопанска банка во Топанско поле. Фино средено мало банкиче. Бонбонче. Воопшто Стопанска банка во однос на Комерцијална Банките како простор им се подобро средени. Немаше гужва и си велам супер тука бргу ке се заврши работа. Арно ама нешто сестрами заглави со теткиците кои не се снаоѓаа нешто со компјутерите – околу осигурањето чинам беше проблемот... Кај и да е Утепавме добри 40 минути....

Па сега видите зошто на народот му е смучено од Македонските шалтери....

No comments:

Blog Archive

Site Meter