Search This Blog

Tuesday, June 13, 2006

Груевки Никола

Никола Груевски (роден на 31 август 1970 во Скопје) е претседател на ВМРО ДПМНЕ од мај 2003. Претходно беше потпретедател на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеник во македонското Собрание од септември 2002.

Од декември 1999 до септември 2002, Никола Груевски беше министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски. Претходно беше министер без ресор и министер за економија, како и гувернер во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој – ЕБРД. Исто така, беше претседател и на Државната комисија за вредносни хартии и претседател на брокерската асоцијација на Република Македонија.

Никола Груевски дипломира на Економскиот факултет при битолскиот универзитет „Климент Охридски” во 1994. Покрај ова, има и диплома од лондонскиот Институт за вредносни хартии и е магистрант на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Ова е преземено од Википедија

Никола Груевски е најмладиот и единствен министер што успеваше во сите седум владини состави на премиерот Љубчо Георгиевски.

Во политиката влезе во 1998 година како министер за трговија во првата влада на Георгиевски. По неполна година беше прекомандуван во Министерството за финансии, на големо изненадување на многумина.

Функцијата министер за финансии ја врши од декември 1999 година. Според начинот на дејствување и на спроведување на своите замисли многу се разликува од другите министри. Тој е еден од ретките или можеби единствен владин функционер што досега не е фатен во некоја афера или матен бизнис. Груевски досега покажа дека е единствениот функционер што го почитува мислењето на јавноста и кој има коректен однос спрема новинарите. Уште една работа што ја внесе како новина го двои овој млад човек од другите министри: тоа е тимската работа, за која тој е убеден дека е основен предуслов за квалитет. Знае да прифати критика и секогаш ги користи предлозите на својот тим. Секогаш е транспарентен во својата работа, а воведе нов пристап со тоа што сите реформски зафати ги проследува со силни медиумски кампањи.

Јавноста го памети како творец на медиумската кампања да "За наше добро - да купуваме македонски производи", со која за само една година ја зголеми продажбата на домашните производи за 15 отсто. И сега "жолтото сонценце", заштитниот знак на таа кампања, е препознатлив симбол од маалските дуќани до големите супермаркети во сите градови во земјава. Заштитниот знак сега може да се види на амбалажата на многу производи.

Со својот тим успеа да го спроведе данокот на додадена вредност. Груевски успеа иако беше изложен на критики од постарите економски стручњаци со титули, кои многу скептично гледаа кон "детето" во министерската фотелја. Сепак Чарли, како што го нарекуваат другарите од детството, со својот тим успеа да го спроведе овој комплексен реформски закон.

Склучи аранжмани со Меѓународниот монетарен фонд и со Светската банка, двете најсилни и највлијателни финансиски институции во светот. Го воведе и Законот за денационализација, со кој старите сопственици ги добиваат своите имоти одземени во време на социјализмот.

Груевски има една црна дамка во својата кратка и успешна министерска кариера. Јавноста го осуди неговиот чекор кога во екот на војната со државни пари за потребите на Министерството за финансии купи луксузен блиндиран џип, за кој потроши околу 270 илјади ГМ.

Ова е преземено од Дневник линк.

Има повеќе интервјуа. Линкови види на бројките : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11,

Пишува и колумни линк

Власта во ВМРО-ДПМНЕ ја презема од Љупчо Георгиевски, кој го предложи на конгрес. Потоа имаше доста немили ситуации во ВМРО-ДПМНЕ. Разделбата со Георгиевски, со Димовска и со Самоиловска.

Ги губи председателските избори, но по мене ги добива локалните избори. Иако и двете партии се прогласија за победници.

Активно ствара тим за ови избори и прави и растура коалиции....

Имаше голема афера со становите. Види линк.

Смешна беше епизодата со песната за Груевски линк 1, и линк 2.

Никола Груевски е најсиромашниот политичар линк.

Живее во стан од 85 метри квадратни купен на кредит, но не негов туку на неговите родители. Вози Фиат Пунто, од 95 година. Заштедил 37 илјади евра.

1 comment:

Photo Volan said...

Најголемата мана на Груевски е неговата младост. Понатака голема слабост е за политичар што нема средена брачна состојба. Тоа не е добро за еден политичар.

Понатака не е ранг на политичар кој што може да запали маси на митинг – ја нема жичката на лидерство и харизма на Георгиевски и Црвенковски...

Лошо се одрази на неговата кариера можеби единствениот скандал на Груевски, скандалот со становите...

Blog Archive

Site Meter