Search This Blog

Friday, June 16, 2006

Славески Трајко - Блог

Некако неприметно почнаа Македонските политичари да отвараат Блогови. Почна Макрадули - но некако брзо се откажа од постирањето а поготово од одговарања на прашања, кои ги имаше безброј и останаа неодговорени.

Славевски е изгледа втор политичар кој се осмели да отвори блог.
Линк види тука. Понатака трендот продолжи со блогот на Груевски. За кој се изјаснив дека тешко дека можеме да го наречеме блог. Види во мојот пост за блогот на Груевски. Линк тука.

Блогот на Славевски на прв поглед ми изгледа сосоема коректно. Дозволени се коментари. Но се служи со стара роба со Колумни кои му се пишани во минато време. Затоа и посетата му е слаба и нагло паѓа интересот за неговиот блог.

This Month's Visits and Page Views
Еве горниот графикон од Сајтметерот го покажува тоа. Време на избори е а Славевски е една од Ведетите на ВМРО-ДПНЕ. Па ако веќе отворил блог треба на него да биде и активен со актуелни и секако нови постови.

No comments:

Blog Archive

Site Meter