Search This Blog

Saturday, June 24, 2006

Тоше - Бренд

За нас тука Тоше Проевски одамна е Бренд. Најпопуларнот пеач меѓу младите - поготово тинајџерките. Прекрасен глас. Харизматилна личност. Со многу големи успеси и на ЈУ сцената. Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора.

Еве сега на големо се зборува за Тоше и неговиот пробив на меѓународната светска сцена. Тоше потпиша договор со Англиска продуцентска куќа чиј менаџерот Ричард Енглер, кој имаше вчера прес-конференција во скопскиот „Холидеј ин“.

Повеќе тука.

“..Кариерата во Англија Тоше ќе ја почне со снимање песни што ќе го истакнат неговиот вокал, со нов имиџ, реализирање спотови и со фотосесии. Во наредниве четири години, тој ќе сними три албуми, а за неколку недели ќе отпатува во Јамајка, каде што ќе сними спот и ќе се прават песни за неговиот прв проект..“

“.. Зад неговата кариера ќе застане британската агенција за промоција, „Пипл ин моушн“, „Аворд продукција“ и „Фајнл кат“..“

No comments:

Blog Archive

Site Meter