Search This Blog

Sunday, June 18, 2006

Дволичноста на Европа

Со оглед на тоа дека именката Европа е од женски род - не е ни чудо што се понаша некако како жена и тоа стара жена. Плашлива, претпазлива а во случајот со нас и со визите према нас е и дволична.

Искрајно не очекував дека од двата милиони Македонци колку што сме - т.е. од 200.000 Македонци кои евентуално би направиле некаков притисок према границите на Европа. Европа се исплаши. Но за нас тоа е прашање на честа и да се биде или не.

Па на сите ни е јасно дека на тие што сега какобожем им го олеснуваат визниот режим - и до сега не им беше проблем да добијат виза.

Неколку пати повторувам во моите постови. За визите треба да поставиме ултиматум или веднаш и сега укинете ги визите или ке ги прекинеме преговорите за влегување во ЕУ. Тоа за мене е прашање на честа. Пак повторувам со таков аргумент настапи и Бугарија кратко по приемот на Бугарија т.е по нејзиното уврстуванје како земја кандидат.

За ова да го напишам ме потикна написот. Линк тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter