Search This Blog

Tuesday, June 20, 2006

Штетните договори за Странските Инвестиции

Помина периодот на Трансформација на капиталот, барем на оној крупниот. Во текот на трансформацијата уште од изборот на моделот за трансформација се правеа грешки. Грешките мислам дека беа намерни и промислени.

Од изборот на моделот за трансформација (моделот го изгласа мноцинството на Б.Ц.) произлезе дека од него се изроди најголемиот легален или полулегален криминал во историјата на Макеонија.

Се дозволи најатрактивните фабрики и претпријатија да ги откупат, таканаречени менаџерски тимови - тие тоа го направија со помош на пари од самата фирма која “ја купуваа“. Имено или земаа кредити со хипотека на компанијата која ја купуваа или парите ги уплаќаа од дивидендите.. Башка сето тоа беше на рати, како некогашните социјалистички кредити - кои додека ги отплатиш, ратата ти станува како да купуваш кутија цигари.

Понатака дојдоа на ред “големите загубари“ - банките, монополските петпријатија.

Фамозната продажба во четири очи, далеку од лицето на јавноста е најновиот начин на кој нашите политичари ја “спасуваа Македонија“ а си ги дебелеа своите конта по странските оф-шор банки...

Процесот сеуште трае - но сега за помали износи.

Сите ова го гледаме и го знаеме. На база на “добрите договори“ за купопродажба на нашите Предпријатија - фирми и компаниии - уследуваа монополски позиции на новите сопственици, кои ја кочат македонската економија и нас Македонските граѓани не фрлаат во Робовлателско општество.

Сите тие договори се врзани со велот на Државна тајна и строго доверливо. Па сега кога ке се земе во предвид дека двете политички опции кои до сега беа на власт имаа договор да се штитат меѓу себе за овие прашања на болната приватизација - излезе обвинување на меѓународната заедница за корумпирано судство кое не фрли вон од колосекот на интегративните процеси...

Од штетните договори имаме веќе неколу судски процеси во меѓународните судови, каде оние што ги купија нашите компании си ги враќаат Инвестициите од државата ни. Најкарактеристичен е случајот со Рафинеријата Окта. Веќе имаме изгубено еден спор кој државата си го плати а еве сега деновиве е во ек вториот со кој Хеленик Петролеум, најверојатно ке си ги врати поголемиот дел од инвестиците.
Линк види тука.

Незнам дали некојпат некој ке има сила да ги стави во судски процес луѓето кои одговорно ги продаваа овие наши фирми ... и направија непроценлива штета на Македонското стопанство и бушет.

Сличен таков договор е и со Македонскиот телеком. На кој му робуваме неколку години а богами ке му робуваме уште долго. Таков сличен е и договорот за купопродажба на Електростопанство. А последиците од “добриот договор“ ке ги почуствуваме веднаш по изборите и тоа долго, долго, доживотно...

Се прашувам во име на што и кој ги штити луѓето што не закопаа и не ставија во робовски однос према новите сопственици....

No comments:

Blog Archive

Site Meter