Search This Blog

Wednesday, June 21, 2006

Светско vs. СКОПСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО

Светсково ке упропасти многу културни манифестации Smiling
Денеска е отварање на Скопско лето: Имено денеска е отварање на Манифестацијата - Скопско културно лето.

Ќе биде изведена кантатата "Кармина Бурана" од Карл Орф (МОБ 21 ч.), под диригенската палка на Тошио Јанагисава од Јапонија, а во кореографија на Драгутин Бодлин од Хрватска.

За повеќе ѕирните тука.

Се надевам - дека на манифестацијата ке има и по некој маж - папучар...

Инаку денеска ке има добар фудбал на сведско.

Дерби Аргентина – Холандија (21.06. Франкфурт, 21:00). Ова ке биде прв прав прав обрачун - меѓу двете школи на фудбалот - фудбалот од двете срани на океанот. Со тоа што во последно време се прифаќаат добрите работи на двете школи.

Фудбалот подобро го играат од другата страна на атлантикот - технички фудбал (Бразил и Аргентина). Но бидејки најдобрите нивни играчи играат во европски клубови - ние сме во предност да уживаме во нивните вештини...

Кој ке победи - Нека победи фудбалот ... Но иднината на фудбалот веќе одамна се назира во Афричките фудбалери...и Афричките држави.

Штета што сеуште нема концентрација на доволен број добри Афрички фудбалери во една држава...

Инаку ги мразам светските примадони од фудбалери кои кога играат фудбал за своите репрезентации, пред се мислат за своите нозе. Лош пример за тоа е Шевченко - а другата крајност ја гледаме во еден Руни - кој иако рековалесцент влегува со полна сила во секој дуел.

Најава за овој меч даде и Кибицер во својот пост

Савиола vs. ван Нилстерој

Инаку на ова Светско дефинитивно добија навијачите на фудбалот во Германија. Какви прекрасни стадиони...

No comments:

Blog Archive

Site Meter