Search This Blog

Saturday, July 01, 2006

Анте Марковиќ

Вечер продолжува со стории за распадот на ЈУ. На овие стории повеќето од нас се современици. Се сеќавам на долгите денови и ноќи кога распадот на ЈУ се пренесуваше во Живо, преку сите ТВ станици од тој период но највеќе преку ЈУТЕЛ.

Се сеќавам на последниот конгрес на СКЈ кога Словенците ја напуштија салата во Сава центар во Београд. Каква збунетост, распад на ЈУ и крвава драма следеше потоа.

Се сеќавам на војничето од ровот со сламка-тревка во устата кое го прашува - што се дешава тука - а тоа онака збунето рече: “.. Па ево ми пуцамо у њиховом правцу а они у нашем..“ - а на подпрашањето зошто рече “.. па они као хоќе да се одвоје, а ми им као не дамо..“ .

Оваа изјава беше пренесена во еден смешен тон и сите некако се насмеавме и не верувавме дека може нешто да се случи со нас и нашите судбини - дека ке бидеме зафатени од воен вихор...на братоубиствена војна и распад на ЈУ.

Се сеќавам на блокирањето на касарните, на случките во луката ЛОРА во Сплит - каде несреќно загина наше војниче и каде во живо ни го пренесуваа давењето на едно наше војниче во тенкот...

Се сеќавам на настаните со крвавата свадба во Сараево, која некој ја одбра за да почне крвавата разврска во Босна. И на пукотниците околу мостот во Сараево и на жртвата на мостот во која се пукаше... Страшно.

Се сеќавам на “мирното“ заминување на ЈНА од Македонија...

Се сеќавам на нападот на нато на целите во Босна.. CNN ни пренесуваше се во живо - на врзаните војничиња на мировните сили на ОН по мостовите во Босна....

На крвавите пресметки во Косово на ОВК и ЈНА и егзодусот на Албанците према Македонија...

На Настаните во Вуковар и околината на Плитвице - Пакрац...

На “Балванската револуција“ и неколкуте ракети во Загреб...

На Воената “кампања“ на САД и сојузниците на цели во Србија, се во живо преку ТВ... на луѓето по мостовите со ланц од раце...на спалениот патнички воз близу Владичинн хан...

На егзодусот на Србите од Краина ....

На нашата војна - фингирана или не седно. Се гинеше. На куршумите и рафалите кои ги слушавме од нашите домови... На палењето на куќите во Кумановско, Тетовско, Арачиново...

Сеедно чиии беа куќите тоа беа куќи во кои некој живееше. На мучките заседи и погибјето на војничиња во колони.. На погибјето на еден Албанец кој не застана на контролен пунк кај стадионот во Тетово и вадејки “мобика“ од својот џеб беше застрелан во живо пред ТВ камерите...

На Опсадата на Арачиново и пратењето на акциите од мојот прозорец, со голо око со дурбини и двогледи... На мобилизациите...

На Охридските преговори и ....

Некако кога ке се сетам на сет тоа - ми паѓа криво што не успеа Анте Марковиќ со неговите економски реформи да не доубеди сите дека е подобро да се занимаваме со економија и така да влеземе во ЕУ - туку заведени од националистите по сите републики го доживеавме крајот на ЈУ и почетокот на нашиот од по трња во приближувањето до ЕУ интеграциите - и на крај пак да сфатиме дека единствениот излез за нас се економските реформи.

Инспирација за сето ова ми беше написот во Велер. Линк тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter