Search This Blog

Sunday, July 02, 2006

Камент од Розета - Писмото на Античките Македонци

За Македонските научници Академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, кои по неколкугодишни истражувања велат дека е дешифриран текст на Египетски камен во местото Розета и тврдат дека средниот текст кој во Литературата до сега беше познат како Демонски е пишуван на Антички Македонски пишував пост “Писмото на античките Македонци“.

За истото пишуваа и многу други блогери меѓу кои и f9, Arwena и Razvigor.

Да се разбереме најпво јас не сум стурчен воопшто за да давам “стручни мислења“ за истражувањето на Академиците – но имам блиски извори во научните кругови во Македонија кои се бават со истражувањето на старите и мртвите јазици и дословце ми беше вака пренесено:

За овој труд на Академиците луѓето од струката меѓу себе се произнеле дека не се соодветни зсаклучоците на Академиците по многу основи. Но највеќе од се заради тоа што текстот го поврзуваат со Словенски кој има допир со Македнонскиот современ јазик!!?? (Словенската писменост потекнува од 9-ти век)

Најпрвин велат дека се работи за премногу мал примерок на текст кој треба да се дешифрира. Вообичаено за такви работи треба многу повеќе текст по обем. На еден така краток текст не може да се дешифрира писмо. Па за пример го даваат Микенскиот и велат дека за Микенскиот има околу 10.000 написи и дури по еден век од откривањето на документите се откри дека Јазикот е Старогрчки. Инаку и за Микенскиот најпрво се верувало дека не е пишуван со старогрчкиот и заради тоа сиот тој процес се успорил половина век – бидејки се барал логичен јазик и ако се најде таков веднаш се бара помош од оние што го знаат. Како што направил Вентрис-кој го дешифрира Микенскиот иако самиот е Архитект. Но неговото цело семејство се занимавало со дешифрирање на писма – па така се открило дека има развиен Грчки и од 13 век пред нашата ера.

Дешифрирањето се прави со “штих проба“. Ако речеме дека на пример еден знак е а, и го замениме на сите места, па потоа пробувам со е, и, о, у – прво самогласките како почести симболи – па во понатамошна процедура заменуваме согласки и на крај доаѓаме до еден логичен јазик. Ова е обично постапката за дешифрирање. Иако во потполност не се одбива тврдењето на Академиците во тие научни кругови кои се занимаваат со старите и мртвите јазици – преовладува мислењето дека еден така мал документ-текст не е доволен за да се дешифрира писмо. Да речеме колку букви ке замениш – максимално десет во случајов на Академиците – и следствено на тоа од каде знаеш колку букви се вкупно?!

За Античкиот Македонскиот се знаат цирка 80-тина збора – што не овозможува да се реконструира јазикот. На пример “сариса“=копје (Македонците така го викаат). Или “Гертинија“ – Град во Македонија. Ова го пишува извесен грчи автор па така преку него и други автори кои зборуваат било за територијата или за војните се добиени имињата. Се знае на пример дека има напис за Договорот на Македонскиот крал Архелај, кој се договорил со атињаните да им обезбеди дрво за бродоградба...

Инаку сосема нормално е да се верува дека “Декретот од Розета“ е паралено напишан на три писма, за да биде разбирлив за сите жители на Египет. Па ако се појде од оваа премиса – и ако се знае што е напишано на текстот на Старогрчки кој е одавна дешифриран – овој текст кој го дешифрираа нашите Академици нема никаква врска со текстот на старогрчки.

Нашата научна и поготово стручна јавност и те како треба да се занимава со проблемот на писмото и јазикот ка Античките Македнци. Но за тоа треба обемни истрашувања а пред се ИСКОПУВАЊА на неоткриените и полуистражените Археолошки локалитети. Сето тоа што евентуачно би се нашло во нашата земја Македонска, ке помогне на лингвстите и другите истражувачи да го протолкуваат Античкиот Македонски, кој во така развиена држава засигурно постоел....

No comments:

Blog Archive

Site Meter