Search This Blog

Monday, July 10, 2006

Стари Скопски (кафеани-библиотеки)

Вклучи се ми побара да му набројам неколку сатари кафеани - што и го направив во коментарите од предходниот пост.

Но бидејки ме понесе сеќавањето одговорот испадна добар пост.

Вклучи_се - Ако ме прашуеш за Библиотеки - тие ги имаше малку порано поготово пред земјотресот. Највеќе ја паметам преубавата градска библиотека, која се наоѓаше на патот што сега не постои од Плоштат Слобода до Буњаковец. Постојат сега само делови од патот. Е на тој пат имаше прекрасна мала зграда каде што се наоѓаше библиотека - на влезот имаше едно Еленче од едната страна и мал водоскок од другата страна. “Другарче“ ако не се лажам се викаше... Е што спомени од првите книги. Зградава дефинитивно ја срамнија со земја пред некоја година иако беше прогласена за културен споменик ...како и сегашната кафеана Кермес.

Заедно со куклениот театар кој истотака ни го одзема земјотресот и летните кина на отворено во центар и лулашките во Градски парк кои беа во форма на чамци, Градските плажи - тоа некако највеќе ми недостасоува од спомените од детството од пред земјотресното Скопје.

Но ти ме прашуваш за кафеани стари (две три..)

Секој дел од Скопје имаше свои кафани. Јас пошто во тоа време живеев кај Универзална сала мене ми се познати старите кафеани од тој крај.

Идадија како култно место и кафеана - стара и сеуште неодминлива за дебармалчани.

Кермес во градски парк - со исто значение како и Идадија....

Опатија исто во градски парк - повеќе активна во летните периоди со Смолски и компанија...

Кампинг...на местото на сегашното ругло од зграда покрај стадионот...

Боеми - позади универзална...

Во центарот сите познати Хотели имаа свои кафеани...

Хотел Бристол , позната кафеана и по други дејанија...(по лесните жени..)

Кафеаната т.е. биртијата на стара железничка станица неодминлива е..

Јоле - попознат како клуб на новинари - неодминливо место на стари скопјани во централниот дел

Пелистер - Сегашната Пицерија на Фуфо...

Победа - карши старата железничка станица... (добра чорба..)

Маракана - во градски парк - одсекојпат со добра клуб музика...

Тениско - не ми текнува на името на кафеаната и името на газдата ...

Жабар...баракчето кај малото мовче до Влада...

Сигурно многу кафеани-библиотеки сум испуштил. Но ти ми бараше само две три...

No comments:

Blog Archive

Site Meter