Search This Blog

Monday, July 10, 2006

Забрането рекламирање

Во денешен дневник има напис каде се пренесува веста дека во Италија се забранува рекламирање на гатачки, магионичари и астролози.

Причината за ваквата одлука на италијанскиот совет за радиодифузија се честите измами на граѓаните. Во извештајот на советот се наведува дека луѓето многу често се разочарувале од таквите магии, по што доживувале психички стресови.

Од таа причина, многумина од магионичарите завршиле во италијанските затвори.

Изворно тука.

Кога го видов написов си велам е добра идеја и кај нас да се воведе ваква работа. Навистина полни се весниците и Електронските медиуми со разни реклами за разноразни гатачки, магионичари и астролози. Колку ли само пари ќарија на телефонските сметки од славните “00“ телефонски кодови.

Додека го пишував ова ми текна дека овие “гатачки, магионичари и астролози“ не се ништо помалку лажговци од нашите политичари - кои на секои четири години “најлегално“ не лажат, дака ке ни направат ова или она - а кога ке дојдат на власт - ништо од ветувањата.

Па се прашувам како законски да ги казниме и нив.... Не е доволно тоа што нема повторно да ги избереме...

Па ние од овие политичкиве лажговци имаме преживеано такви стресови што....затвор би било блага казна за нив...

No comments:

Blog Archive

Site Meter