Search This Blog

Saturday, July 15, 2006

“Фрлање смет“

Навистина е грда нашата навика сметот да го фрламе во утринските часови - кога одиме да пазариме - или кога одиме на работа. Потоа цел ден сметот на жешкото сонце - онака “убаво мириса“... и “супер изгледаат“ полните контејнери. Посебно сега кога е сезона на лубеница рејата е “супер“ ...

Затоа во потполност ја подржувам акцијата на Ајродром за фрлање на смет во термини непосредно пред нивното собирање...

Познавајки ја околината ова тешко ке вроди со резултат, ако не се стимулира т.е. дестимулира со казни. За почеток еве предлагам да се испраќаат фотки до месечникот на Ајродром кој ке ги објавува и така ке ги сатанизира - кривците. Ке ги става на столбот на срамот. На акцијата би било добро да се придружат и сите дневни и неделни весници - како и електронски медиуми. Само така како една целосно организирана акција таа ке успее.

Инспирацијата за идејава е од тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter