Search This Blog

Saturday, August 05, 2006

Никола Поповски






Извесно е дека ке има смена на раководството во СДСМ. Досега сите типуваа на Шекеринска.

Имав пост кој се занимаваше со тоа.
Оставки во СДСМ

Во денешното интервју на Никола Поповски - во Утрински - линк тука. Поповски како да се промовира себе за нов лидер на СДСМ.

...Не е една причина за поразот на СДСМ, туку ги има повеќе.
- Мое уверување е дека резултатите на владата многу малку успеавме да ги претставиме во јавноста, а
- некои потфрлања во јавноста беа претставени како преголеми.
- Втората причина е што СДСМ не успеа партиски да се консолидира.
- СДСМ по вонредниот конгрес продолжи да функционира како партија со внатрешни поделби кои резултираа прво со формирање на друга партија, а второ со несанирање на внатрешните односи меѓу тие што останаа во партијата.
..

..Гласањето за доверба на органите на партијата, меѓу кои и на претседателот на партијата, е наша статутарна обврска и таа не може да се заобиколи...

..Непријатно е да зборувам сам за себе, меѓутоа долго време бев обвинуван за титовист од страна на бранковистите, сега од бучковистите сум обвинуван за бранковист...

..на идниот конгрес? Дали тогаш ќе се кандидирате?

- Не сум помислил за тоа, но најверојатно не. Видов една изјава на претседателот Бучковски, кој во едно свое интервју веднаш по изборите рече дека очекува оти единствен сериозен противкандидат за нов лидер на партијата да биде Шекеринска. Јас не би бил толку сигурен да соопштам дека ќе има само еден противкандидат. Меѓутоа, знам еден човек што никако не треба да биде кандидат за лидер...

..Тито Петковски се реши на таков чекор откако сфати дека не само што нема разбирање за неговите размислувања во СДСМ туку и дека и индиректно и директно му се соопштува дека веќе не е потребен во партијата...

..Ѓорѓи Спасов е сериозен аналитичар, еден е од основачите на СДСМ и е човек кој несомнено оставил белег во партијата. Му честитам на храброста и одважноста да го каже своето мислење на начин на кој го кажа...

No comments:

Blog Archive

Site Meter