Search This Blog

Tuesday, August 08, 2006

Донираш и профитираш ?!

Во мојот пост “ Партнер за бриџ“ ја опишав случката како Партнерите за бриџ Ворен Бафет и Бил Гејтс играјки бриџ во некоја досадна топла вечер се договориле да формираат фондација тешка преку 30 милијарди долари.

Па таму искоментирав веднаш:

Толку ли им се здосади животот!? Повеќе тука. Или се работи на смислен начин како да не платат огромни суми на Данок на добивка па сегра вака они ке бидат тие кои ке ги делат нивните тешкозаработени пари ?!

Потврдата на мојата теза доаѓа тука. Во написот на Време
Како да донираш и да заработиш

...Најнапред, покрај тоа што Бафет управува со Беркшир, тој е член и на управниот одбор на весникот „Вашингтон пост“ и подолу ќе видите зошто е ова важно. Значи, најголемата донација во историјата се состои од акции на Беркшир во вредност од околу 30 милијарди долари (според сегашната цена на акциите на берзата) и околу 6 милијарди долари за четирите фондации на членовите на семејството Бафет, а вкупниот износ на донацијата претставува 85 отсто од учеството на Бафет во Беркшир..

..
Првиот извонреден чекор на Бафет е давањето 30 милијарди долари на фондацијата Гејтс, со што тој го користи веќе постојното знаење, искуство и ресурси на оваа фондација, што би биле само трошок доколку Бафет направи сопствена фондација. И повеќе: од сопствена фондација, според американските закони, на толкав фонд тој би морал да донира околу 1,5 милијарди долари годишно, што претставува незамисливо голем зафат. И конечно, толкава донација во акции сигурно би ја урнала цената на акциите на Беркшир со што лавовски дел од донацијата (но и вредноста на фирмата и следствено – богатството на Бафет и другите акционери) би испарил. Затоа Бафет својата донација – која всушност се состои од околу 12 милиони акции – ја распределил да се реализира во повеќегодишни рати (значи, одреден број акции годишно), па така, доколку се зголеми цената на акциите на берзата, ќе се зголеми и вредноста на донацијата! ..

...Ова му овозможува да ја сочува контролата врз Беркшир, бидејќи неговото учество во компанијата со право на глас (во моментов 38 отсто) ќе се намалува далеку побавно отколку учеството во поседувањето акции (32% во моментов). Но, на крајот доаѓа шлагот: Беркшир е најголемата американска компанија која се котира на берзата но, според американската регулатива, не е дел од СиП 500 индексот (берзански индекс на Стандард и Поорс, кој се темели на 500-те американски компании), заради малиот број издадени акции од Беркшир (1,26 милиони акции од типот „А“ и 8,4 милиони акции од типот „Б“), но и заради големото учество на Бафет во нив. И сега кога Бафет ќе ги префрли акциите „А“ во тип „Б“, може да се предвиди дека со зголемувањето на бројот на последниве ќе придонесе Беркшир да стане дел од ИНДЕКСОТ СиП 500 и тоа за само пар години! Тогаш многубројни инвеститори и фондови ќе можат да купуваат поголем број акции од типот „Б“, со што ќе придонесат кон натамошното ѕидање на цената на акциите на Беркшир. Накусо, Бафет изнајде начин како да заработи со тоа што ќе даде донација. Да не се осврнувам воопшто на фискалните придобивки за Беркшир од оваа донација... Ако досега Џорџ Сорос важеше за најинвентивниот донатор во светот, сега без никакво сомневање тронот му припаѓа на Ворен Бафет. ..

...Чисто информативно, Вашингтон Пост поседува акции во Беркшир, додека Мелинда Гејтс е исто така член на управниот одбор на овој весник... па сега размислете!....

Ако сакате вака да заработувате - донирајки - прочитајте го посочениот напис и нека Ви е со среќа.

Само проблем ке ви биде да договорите партија бруџ со Бил Гејтс. :)

No comments:

Blog Archive

Site Meter