Search This Blog

Tuesday, October 31, 2006

НАСКО ЏОРЛЕВ

Еден од великаните на Македонската народна песна Наско Џорлев – почина на 27 октомври – по подолга болест.

Наско Џорлев е творец на „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Кажи, кажи облаче ле бело“, „Фато мори душманке“, „Дедо мили златни“, „Земи оган запали ме“... и уште стотици песни, синглови, ЛП-плочи и ЦД-а.

Долги години беше предводник на фамилиарниот Бенд – ЏОРЛЕВИ – кој свиреше на многу забави – свадби ... Во последните неколку години кога го притисна болеста – палката ја препушти на своите деца – кои сега предводени од Зоран Џорлев познатиот – виолинист виртуоз на својот инструмент – кој предава виолина и во Средното Музичко училиште. Секако тука е и Софче Џорлева која во групата е соло пејачка – инаку пее и во хорот на Операта при МОБ.

Погребот, по негова желба, е извршен во неговата родна Струмица, каде што во 1932 година го започнал животен пат.

Како внук на Ристо војвода, другар од Кукуш на Гоце Делчев, Наско Џорлев бил воспитуван



и израснат во патриотски дух, што не ретко се изразувал и во неговите песни. Музичкиот талент го води на студии по фолклор во Белград, а по завршувањето се враќа во Струмица, каде што извесно време работи како професор по хармоника и труба. Со формирањето на својот „Ансамбл на Наско Џорлев“, го напушта професорството и тргнува да живее со естрадниот леб, по патишта и турнеи. Како негово откритие секогаш се претставувале видни пејачки имиња на македонската народна песна, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, но и Уснија Реџепова, а и инструменталистот Ферус Мустафов. Со последното кажување добра ноќ на Наско Џорлев останаа песни, кои неговиот син Зоран Џорлев ги смета како аманет за да бидат изведени.



Во продолжение еве дел од неговите песни, кои ке останат длабоко запишани во народното паметење – а некои од нив се со придевка НАРОДНИ – иако се творечки од Наско Џорлев.

3 comments:

Photo Volan said...

#

Написот е пишан на база на лично познаство со поголемиот дел од фамилијата Џорлеви - и на овој начин им упатувам наискрајно сочуство за изгубниот татко.

Дел од написот е позајмен од написот на Утрински
Наско Џорлев - 1932-2006, музичар

Песните се дел пронајдени по интернет од разни страни - но дел се позајмени и од блогот на
Македонски народни песни

кој е вистински Лексикон за Македонската народна и изворна песна.

#

Текстот на песните ке ги пребацам тука во коментар - за да не биде долг постот ...

Послушајте патриоти

Послушајте патриоти
да ви кажам словото,
на Ѓуѓовден бев затворен, ----
вцрни темни зандани. 2х

Во зандани бев предаден
од проклети шпиони
од проклети шпиони ---
неразбрани трговци. 2х

Во зандани бев измачен
ниту вода ниту леб,
телото ми потемнело,
долга риза до земја.

Ах немојте да ме мачејте,
јас сум невин како цвет
сум се борел за слобода ---
за човечки правдини. 2х

Ах да знае мојта мајка
гробот да ми ископа
гробот да ми го ископа
спрема јасното сонце.

И на гробот да напише,
тук почива маченик,
тук почива Александров,
Караѓуле Охридски.

Марие млада невесто

Марие млада невесто
елај се Маре потурчи, х2

На висок чардак да седиш
жолти жолтици да нижиш
на бело грло да носиш.

Подарок ќе ти подарам
Ендрене Сулатан Сељим џамија,
Цариград Света Софија.

Пуста ти била Сељим џамијата,
пуста ти била Света Софија,
јас си ја сакам верата.

Јас си ја сакам верата,
нашата вера убава,
сека недела Велигден.

Нашата вера рисјанска,
сека недела Велигден.

Не кажувај либе добра ноќ

Не кажувај либе добра ноќ
не оди дома рано ти,
најзгодно време е во ноќта
прекрасна е оваа ноќ за нас. [х2]

Сите спијат а ние сме сами
користи драги ти мене,
милувај бакнувај бескрајно
волшебна е ноќ за љубење. [х2]

Јас знам дека друга љубиш ти
јас знам дека друга мамиш ти
срцево мое е за тебе
и не би го дала јас за друг. [х2]

За мене пролет не развива
за мене цвеќе не цути
за мене ти си прва љубов
и последна ќе ми бидеш ти. [х2]

Во Струмица на улица

Проклет да биде среќа да не виде
кој прв започна.
Кој прв започна љубов да води
две срца да страдаaт.

Често со него се среќавам
срце ми трепери,
срце ми трепери душа не ми дава
како да му прозборам.

Во Струмица на улица
пред него излегов
грбот ми го сврте и тивко ми рече:
„Јас не те сакам.
Јас си заљубив друго либе
заљуби си и ти“.

Очи насолзени, срце натажено
отидов далеку
проклет да биде среќа да не виде
кој прв започна.
Кој прв започна љубов да води
две срца да страдаат.

Фато мори душманке

Либето ми го зеде ти
рана на срце ми остави.

Рефрен:
А, а,... Фато мори душманке
леле катилке
А, а,... Фато мори душманке
проклета да си.

Многу време се љубевме
но за еднаш ме остави.

Рефрен

Среќна не ќе бидеш ти
кога лудо те колнам знај.

Рефрен

Дедо мили, златни

Дедо оди на пазар, коня яха без самар.
Дедо мили златни, бабина първа любов.
Дедо мили златни, бабино бонбонче.

Баба преде на вретено дедо яде от печено.
Дедо мили златни, бабина първа любов.
Дедо мили златни, бабино бонбонче.

Дедо оди на бостанот, баба дърпа за фустанот.
Дедо мили златни, бабина първа любов.
Дедо мили златни, бабино бонбонче.

Баба иде от нивата, дедо гледа во тавата.
Дедо мили златни, бабина първа любов.
Дедо мили златни, бабино бонбонче.

Баба оди по пиперки, дедо гали двете керки.
Дедо мили златни, бабина първа любов.
Дедо мили златни, бабино бонбонче.

Баба яде от пиперка, дедо свири на шупелка.
Дедо мили златни, бабина първа любов.
Дедо мили златни, бабино бонбонче.

Anonymous said...

Началост все как в сказки. он настоял чтобы я бросила работу, а я долго и не сопративлялась. забрасывал букетами, духами и подарками.... познакомился с семьей и очаровал их добродушиею и остроумием.Вообщем, через месяц я переехала к нему. Жизнь показалась сказачной. рестораны, романтика и секс 5 раз в день... Но. пришел кризес и у мужчины начались трудности. Я будучи не из робкого десятка, решила с задачами бороться, устроиться на работу, урезать расходы, и т.д. Работать не разрешил. Пить стал ежедневно, срываться и кричать по пустякам. Уронила мороженное - у него разве что не истерика. проехала на такси - незамедлительно я недруг народа. стал унижать при людях, в кино к примеру, в кафе. Демонстрирует при каждых мою зависимость и его отстраненность. Я виновата во всем. морально опустошена и разбита. Собирала вещи, останавливал, извинялся и 3 дня давал спокойной жизни. Но он эгоист, и его трудности оказались важнее меня. Его друзья и пиво также важнее меня. А еще я его гордость, любит когда меня видят друзья и завидуют. Вот только зависть эта дается мне дорого, тренажеры, жесткие диеты, пластика... Что делать?

[url=http://www.2nt.ru/go/ruserotik.php]Молодежное видео[/url]
[url=http://2nt.ru/go/serial.php]Вообще любой сериал и особенно новинки я качаю тут [/url]
[url=http://2nt.ru/go/teets.php]Молодежное видео тут[/url]

Anonymous said...

zdravo. baram informacji za nasko dzorlev vo odnos na familiaren potekloto od egejskata makedonia, od vodensko region..
dali ima tuka familia, dali ima so niv kontakti..
dali doagia vo vodensko..
dali ima mail za da mu napisam...
pozdravi od vodensko...

Blog Archive

Site Meter