Search This Blog

Friday, December 29, 2006

БЛОГ на МК Политичари

Во светот а посебно во ЕУ скоро сите попознати политичари од кариера имаат свои Блогови ...

Кај нас на ваков чекор се осмелија само неколку политичари:
Можда има уште некој - но мене не ми е познат ...

Блогот на Макрадули Јани почна силовито ... но по многуте прашања и незгодните по него коментари Макрадули го запушти блогот ... поготово по губењето на изборите ...

Блогот на Славевски Трајко е замислен од авторот како место каде ке ги реобјавува своите колумни ... И овој блог авторот го има запуштено ... под притисок на работата како Министер за финасии (последен пост на 28 Јули, 2006).... Сепак Славевски мора да знае дека без разлика на немањето на време ако не продолжи со пишувањето на својот блог ... ке има последици поради својата неактивност ... која ке се рефлектира во намалувањето на популарноста ...

Блогот на Груевски Никола искочи кратко пред изборите а по изборите стои пораката - заштитено од злоупотреби ... Незнам за какви злоупотреби се работи ... ако некој мисли дека пуштање на пораки од народот се злоупотреби ... се излажал ...

Со затварањето на Блогот на Груевски ... Груевски изгуби извонредна шанса непосредно да комуницира со народот ... Па ние сме нешто повеќе од 2 милиона од тоа само десетина иљади читаат блогови ... Од кого тоа се плаши Груевски и како би го злоупотребиле луѓето - кои на блогот би го критикувале и фалеле за лошите и добрите потези ... а би му давале и свои идеи ...

Моја порака до Груевски е под хитно да го отвори блогот и реактивира ... Секој би сакал да знае што мисли народот за него ... и не гледам причина блогот да биде затворен ... Секако некој во име на Груевски треба да го уредува Блогот - нешто како личен/блог/портпалор ...

Сега незбам што од она што го промовира Вуна е блог на Петровски Филип ...
Мене ова ми личи на гола промоција - на блог не ...

Што сакам да кажам ... Македонските политичари не ја разбрале уште можноста што им го пружа блогот на еден политичар било во позиција а поготово на оние во опозиција ... специјално на оние кои не се застапени во Парламентот - тоа е непосредна комуникација со избирачите ... народот Македонски ...

На својот блог можат да ги промовираат најбрзо и најефтино своите идеи и ставови ... да соопштуваат ... да црпат идеи од оние кои ке коментираат кај нив ... да трпат критики (оние вистинските) за да видат кај погрешиле или грешат ...

Сега драги мои МК политичари ако не знаете да пишувате по блогови една препорака ... Во Македонија се појавија стотина многу квалитетни млади блогери ... кои за релативно мали пари би Ви биле Ваши извонредни Блог-Лични-Портпароли ...

Прошетајте по Блог сцената на Македонија и ке си најдете лесно свој Блог-личен-портпарол ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter