Search This Blog

Saturday, December 16, 2006

"Хик Родос, хик салта!"

Радо ги читам колумните на Горан Михајловски во Вечер ... Скоро да немам пропуштено ниедна ...

Во последната колумна Михајловски во еден од коментарите во својата колумна вели дека премиерот е еден од ретките луѓе во светот кој може во пракса да ја испроба својата магистерска теза ...

** Премиерот магистрираше. Темата на магистерската е: "Странските инвестиции и нивното влијание во развојот на економијата и отворањето нови работни места".
Е па Груевски, како што вели латинската поговорка: "Хик Родос, хик салта!" Преведено тоа значи: "Еве ти ја државата, се е во твои раце, направи што знаеш". Само стотина луѓе во светот имаат шанса тоа што го напишале да го докажат во пракса. Груевски е еден меѓу нив. Тоа ни на лото не се добива.
Премиерот само магистрираше. Дали положил ќе видиме во 2010. Тогаш или ќе докторира, или ќе го вратиме во Прилеп на дошколување.

No comments:

Blog Archive

Site Meter