Search This Blog

Wednesday, December 27, 2006

ОХИС - измама

Во текот на “Приватизацијата“ во МК се направија неброени измами од страна на менаџерите на кои им се даде право да под специјални услови ги купуваат фабриките - претпријатијата каде се затекнаа како Менаџери ... Така беа “купени“ најатрактивните фабрики и предпријатија во Македонија ... Пивара - Охис - Алкалоид - Европа - Фершпед - Пелагонија - Макпетрол ... и да не набројувам ке ми треба многу да пишувам и сигурно нема сите да ги набдојам ...

Имено се направија неколку “модела финти“ - кои законодавецот ги “озакони “ - а кои им помогнаа на домашните менаџери да направат од фирмите свои поседи ...

Некаде тоа одеше со
  • таканареченото одстапување на акциите на Менаџерите да управуваат со нив
  • некаде менаџерите земаа кредити на свое име со залог на фирмата за да во свое име купат акции
  • некаде акционерите се приморуваа по багателна цена да ги продаваат акциите на менаџерите под притисок на одказ од работното место
  • некаде се обезвреднуваше фирмата до бескрај - се ставаше во загуба - за што помалку да коштаат акциите
  • и многу други мангупски модели на перфидна кражба кои поминуваа кај законодавецот - по принципот кадија те тужи кадија те суди ...
  • некаде се сопираа пари на вработените ... еден вид самодопринос за да гради ова она ... за да се купуваат акции
Последниот модел мислам дека го имаше во сите тогашни големи предпријатија ... сите на таков начин ги градевме големите хотели и одморалишта ... кои после новопечените газди сладко си ги присфојија по багателно безобрљзни ефтини цени ... Вработените останаа со прстот во уста ... или некое друго место .. Судството и ако имаше некаков процес за ова ... судството секаде застана во заштита на таканаречените новопечени газди - во заштита на неприкосновената сопственост ...

Последниот случај е и во ОХИС - кој го тресе судски процес во врска со ова - каде некои работници добиле судски процеси ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter