Search This Blog

Tuesday, January 16, 2007

ПЕТРЕ ПРЛИЧКО - 100 години од раѓањето

Легендата на Македонскиот театар Петре Прличко (13 март 1907 Велес - 16 ноември 1995 Скопје) да беше жив на 13 Март - ке славеше 100 години од неговото раѓање. Петре Прличко е икона на македонскиот театар а јас би додал и филм ... Незаборавни се неговите ролљи во театарот. Петре уште како гимназијалец го сака театарот и најпрвин се приклучува на патувачкиот театар ... поминувајки низ неколку патувачки театри - а основува и свој “Боем“ ...

Во 1939 година станува член на Народниот театар во Скопје ... за да во 1944 се приклучи на партизанскиот театар “Кочо Рацин“ - кој потоа прераснува во Македонски народен театар ... Едно време е и режисер во театарот ...

1952 година е старт на богатата филмска кариера на Петре Прличко со филмот Фросина ... Петре игра во триесетина филмови - но мене посебно ме има импресионирано во Мис Стон - 1958(Главна улога); Народен Пратеник (НАРОДНИ ПОСЛАНИК) - 1964; Македонска крвава свадба - 1967(Главна улога); Мементо - 1967(Главна улога); Републиката во пламен - 1969(Главна улога) ....

Билјана Црвенковска во својот напис Осврт кон актерството на Прличко - ке каже:

“... Базичната комуникација се одвива помеѓу актерот (како адресант) и публиката (како адресат). Токму затоа театарот е пред сè семиотички феномен. Основниот начин на кој се изведува таа комуникација се знаците: знаците кои актерите ги испраќаат до публиката, знаците кои ги испраќа режисерот, или авторот на текстот, или сценографот, и така до бесконечност... во овој процес основна и најзначајна улога има актерот, неговото тело, неговите движења, неговиот говор...“

Петре Прличко Цветановска - го вбројува во Македонските легендарни актери кои исклучително добро го владееа театарските способности на миметичките и гестуалните знаци ... “...Прличко му дава централно место на гестот во својата актерска игра, потенцирајќи го и ставајќи го секогаш пред зборот, односно пред говорот. Неговата способност да го занемари говорот и да го истакне гестот, е и нешто многу повеќе: претворање на говорот во гест ... “. “...Прличко на специфичен начин ги трансформира репликите во движења, гестови и мимики. Не докажувајќи ја репликата до крај, или само промрморувајќи ја, тој со своите мимики и движења и дава многу поголема силина и значајност (односно значење), одошто оние кои таа би ги имала ако само ја изговори. Понекогаш доволно е само да намигне, или да замавне со раката – и говорот е тука. А не проговорил притоа ниту еден збор...“

Сите кои го паметиме Петре Прличко и го имаме гледано во театарот ги паметиме неговите ненадминати комични способности - особено изразени во ненадминатите игри на: Јеротие Пантиќ во „Сомнително лице“, Агатон во „Ужалена фамилија“, Арган во „Вообразениот болен“, Живота во „Д-р“, Оргон во „Тартиф“ ...

Љубовта према театарот ја пренесе и на неговата керка Анче Џамбазова ... а целиот талент господ како да го пренесе на неговиот внук Игор Џамбазов ... кој уште од детски денови ги следи стапките на својата мајка а поготово на својот дедо ... Игор Џамбазом - мултиталентот на македонската театарска - музичка и филмска сцена ... комплетно го наследува својот дедо (со сите таленти и пороци) и нема човек во Македонија, кој не му се воодушевува на неговите способности како глумец , пејач, водител, сценарист и комплетен забавувач ... број еден во Македонија ...

Оваа година Игор Џамбазов ке може да го исполни ветувањето кое го има дадено на својот дедо да ја игра неговата омилена улога на Јеротие Пантиќ во „Сомнително лице“ ... Имено во чест на 100 години од раѓањето на Петре Прличко ... МНТ го обновува „Сомнително лице“ а улогата на Јеротие Пантиќ му е понудена на Игор Џамбазов , кој со задоволство ја прифатил и по подолго време ке имаме можност да го гледаме на театарските даски - што живот значат ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter