Search This Blog

Thursday, January 04, 2007

ПАСОШ - МК

Македонските пасоши никако да искочат . Некоклку последни Влади ги куваат и никако да ги сварат ...

Ова вчерашната промоција - на машината што ке ги штампа пасошите е втора или трета промоција ... Последната промоција која ја паметам и за која пишував беше на 22 Јуни минатата година - Новите пасоши . Тогашната влада го вети до крајот на годината оваа што измина ... Оваа го најавува за неколку месеци по промоцијата на машината за види богати нов израз за персонализација - која беше вчера промовирана од Министерката за полиција.

Едно време пасошите се кочеа заради проблемот на двојазичноста ... Едно време се пробуваше да се усогласи нов грб на РМ - кој би бил аплициран на пасошот ... и после сите епизоди на тендери и поништување на тендери (Пакард...) - се чини новите биометриски пасоши со чип технологија - ке ја видат виделината ... Слушнавте никој немал ваква машина - дури и германците чекаат на ред ...

Ке мораме да ги смениме во рок од пет години ... Новина е тоа што сега ке не слика МВР ... Ова уствари е преземено од западните земји и Америчката традиција - за лични документи да те слика државата ...

Има разни укуси на некого му се допаѓа новиот пасош на некого не ... мене ... мене ми е битно конечно да излезе и со него да можам безвизно да патувам како што патував со стариот ЈУ пасош ...

Со истата машна ке се печатат и новите лични карти и возачки дозволи ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter