Search This Blog

Monday, January 22, 2007

ФИЛИП ПЕТРОВСКИ

Не ми е идејата - тука да пишувам за Филип Петровски - кој нели има и своја страница на МК Википедија - па од таму ке го видите развојниот пат на овој млад македонски политичар ...

Не сакам да пишувам ни за Филип Петровски - како блогер ... него доволно го промовираше Вуна во свој пост и некои други блогери ...

Не сакам да пишувам ни за антиблогот на Филип Петровски ... во кој на еден од неговите постови го поздравив со коментар:

“ ...За нас обичните смртници и просечните граѓани е интересно да видиме - како полицијата се справува со своите граѓани ... се разбира со назнака на “државна тајна“ и “строго доверливо“ ...

Од ова што си го постирал како документ се гледа дека полицијата се служи со подметнување на докази (лажни докази) за да оствари некоја своја цел ... Да го придобие за некоја акција - туѓа идеја ...

Многу е индикативно што во случајов погоре полицијата се служи со подметнување на дрога ... Искрајно се сомневам дека најголем организиран растурач на дрога е полицијата (во сите држави ... така се собираат тајни фондови кои служат на државата за остварување на одредени цели...) - која ги апси само оние кои и сметаат на пазарот ...

Понатака индикативно е со каква леснотија се шири “истражувањето“ на целата фамилија ... на некои луѓе воопшто ништо не им е свето ... дури ни поимот фамилија ...

Ова е школски пример како се прават - создаваат “доушници“ и “цинкароши“ ... Во школо ли го учи ова полицијата ...

Бидејки е ова мој прв коментар кај тебе - со овој коментар ти пожелувам добродојде во блогосферата - која е полна со интелегентни луѓе - мислители ... каде несомнено и самиот припаѓаш ... само ке мора да се носиш со теретот, дека во еден период поведе маса на млади луѓе во протести - кои потоа не донесоа општи резултати ... напротив ... против се што се “боревте“ и укажувавте - се се оствари ... а дел од Вас се омрсија со политичк позиции и места и сето тоа беше одскочна даска за кариера ... Со тој терет ке мора успешно да се носиш ...

Гледам дека си решил да се ослободиш од дел од тој терет, со искрајноста на својот настап ... тоа е можеби единствен рецепт за успех ... Ние сме мала држава и така сите знаеме се за секој ... ако малку прочепкаме по минатото сите сме и некави роднини ... или барем познаници ...

Пукај со постови и понатака ... иако знам дека ти е тешко сега кога си почнал нема враќање ...
Поздрав и се најуваво ... башка смо земљаци Smiling
(волан 19 Јануари, 2007 - 11:45 | измени | одговори)

Заборавив да додадам ...

Вие што знаете дека сте вака полициски третирани - мора да бидете најголеми борци во своите редови ... против секакво вакво полициско следење и служење со вакви срамни методи ...

Нема сигурно да ми кажеш дека додека била твојата партија на власт немало вакви случаеви ....
(волан 19 Јануари, 2007 - 11:48 | одговори)“...

Тука сакам да напишам неколку реда за Филип Петровски како Директор на градската библиотека Браќа Миладиновци во Скопје.

Петровски по доаѓањето на оваа положба каде неговата Партија го стави веројатно за да го удоми малку и да го тргне од жижата на интересот на МК јавност - тој сериозно си ја свати оваа работа и направи амбициозна Програма која сака да ја спроведе:
  • Целосна компјутеризација и мрежно поврзување на сите градски филијали со централната градска библиотека, што е услов за следење на современите текови во информатичката техннологија, како и можност за брз и неограничен трансфер на податоци;
  • Дигитализирање на ретките изданија на македонски автори и нивно објавување во цд-ром изданија;
  • Збогатување на интернет страница на библиотеката, со репрезентативен листинг на колекцијата на книги, линкови до институции поврзани со библиотеката, а посебно градската администрација;
  • Поврзување со големите градски библиотеки од западна Европа и САД, остварување на соработка, размена на библиотечен фонд;
  • Зголемување на фондот на библиотеката со нови наслови и угледни стручни светски списанија;
  • Изведување на јавни акции за популаризација на читањето на книги;
  • Модернизација на читалните и тренд на нивно претворање во места за духовна катарза на нацијата;
  • Стимулирање на македонските автори да објавуваат книги;
  • Помош на последипломскиот кадар на Македонија во нивните истражувања и едукација; конкурси и помош при објавување на најдобрите научни дела на македонската интелигенција;
  • Донирање на книги таму каде што се најпотребни (училишта, организации, НВО-а...);
  • Конзервирање и заштита на историски вредните наслови;
Па Филипе пукај и како директор ... пукај со што повеќе е-книги на Македонски ... иако дел од овие работи веројатно треба да се прават во соработка со НУБ “Св. Климент Охридски” и други слични проекти ...

Овој пост е во контекс на предходниот пост ...

1 comment:

Anonymous said...

А да ја сменеше последната фотка од лево кон десно, зошто тој не е Филип Петровски, туку Никола Димитров. :-)

Blog Archive

Site Meter