Search This Blog

Tuesday, February 06, 2007

Винка и Страшо Стојанови

Утринско во написот “Двајца старци цело село“ - ни доловува една приказна за дваица стари луѓе - Винка и Страшо Стојанови (Винка 84, Страшо 80 години) кои се единствените жители на Шопур а живеат во услови како од среден век ...

Приказна како приказна - ја доловува сликата на една политика на напуштање на селото ... по предходно тотално исцрпување на “соковите“ од селото - по неуспешната политика на насилно стварање на селските задруги и многуте неуспешни аграрни регорми - во екот на индустријализацијата на градот ... Стотина Македонски села се опуштошени ... останаа без ниеден жител или со само неколку старци ... Луѓето бегаа по подобра и посигурна живеачка - која ја ветуваше градот ...

Селото Шопур -
е само 22 километра од Штип и пет километри помалку од Радовиш, во услови како од средниот век, без струја и телефон ... Стандардна приказна за напуштеното македонско село ...

Вакви села се посетуваат само од трагачите по оргинални приказни ... новинарски стории за заборавот ... чемерот ...

Одвреме навреме во вакви Македонски села имаме повратници од градот - од таканаречените “стечајци“ ... кои губејки го работното место во градот ... единствено им преостанува да се вратат во родното село ... да прикрпат нешто што би било нивен дом ... да направат примитивна окуќница ... неколку кози ... неколку свињи ... кокошки ... малку бавча ... магаре ... и многу тежот и сиромашен живот ... но и тој им изгледа подобар од оној градскиот на тотален безизлез ... Во градот обично ја оставаат фамилијата - потомците ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter