Search This Blog

Friday, February 16, 2007

ЗГРАДАТА УБИЕЦ - конечно ке се доизгради

Познатата збрада на бившата Југобанка - која стои недоизградена петанесетина години во строгиот центар на Скопје ... изгледа конечно ке се доврши и стави во функција ...

Зградата беше причина за неколку несреќни случаи ... во кои погинаа случајни минувачи во катакомбите на зградата ... Околните жители се жалат дека се шири неподнослива реа и бучава во текот на ноќите - од дивите станари на зградата ...

Што беше проблем да не се доврши зградата во строгиот центар на Скопје ??! ... Зградата, која е изградена до фаза на карабина, требало да се заврши во 2001 година кога биле одвоени тогашни 12 милиони германски марки во буџетот - Зградата е во сопственост на Владата. ... Луѓе мои - 6 милиони евра наши буџетски пари некој ги тутна во бунар повеќе од 12 години и “ником ништа“ ... што би рекле северниве браќа ... Па и за помали износи клечиме на коленици пред ММФ ...

Заинтересираност за зградата пројавува Министерството за финасии ... кое е разнесено на повеќе локации низ Скопје - каде плаќа кирии ...

Трагедијата да биде поголема вакви започнати згради има уште неколку во Скопје - Светскиот трговски центар ... уште еден бунар на неколку милиони евра (десетина) буџетски пари - фрлени во бунар неколку години ... Се навикнавме во Скопје да гледаме недовршени инвестиции ... немалтерисани фасади ... руини ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter