Search This Blog

Tuesday, February 13, 2007

СКУПИ

СкупиСтобиХераклеја Линкестис ... за мене три археолошки локалитети кои се бисери на Македонската Археологија. Вакви археолошки бисери во Македонија има многу дури премногу за една сиромашна Македонија Но еве да наброиме уште некои од поважните Адам (од Македонија) - Астибо - Баргала - Вардарски Рид - Виничко Кале - Исар - Исар-Марвинци - Китино Кале - Кокино (локалитет) - Лихнид - Стибера - Струмичко Кале - Тауресиум - Требеништа (некропола) - Тумба Маџари – Многуте фортификациски објекти (Микулчиќ) – Бонче - ...


Се залагам Македонија да ги истражи ... да ги заштити и да ги стави во функција на специјален археолошки туризам ... кој комбиниран со безбројните средновековни цркви и манастири е одлична концепција за развој на специфична гранка на туризам а дополнет со селскиот, планинскиот и бањскиот туризам е единственото нешто кое може да биде целост за една туристичка понуда на Македонија ... Го иземам туризамот покрај нашите поголеми езера – кој има свои специфики на масовен туризам ...

Минатата година ми беше опсесија – виртуелно да ги спознавам и посетувам македонските туристички локалитети ... пишав доста постови на оваа тема ... Оваа година ке се потрудам барем неколку локалитети да ги посетам и физички ... Добро, некои ги имам посетувано и порано ...

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-01.jpg

За Скупи Македонската википедија ке рече: “Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓаа на 5 км. северозападно од Скопје во непосредна близина на с. Злокуќани, лево од утоката на р. Лепенец во Вардар во подножјето на Зајчев Рид. Приградските објекти и некрополите се простираат на поширок простор.

Во продолжение на написот за Скупи во Македонската википедија – има прилози за:

Се на се одличен напис – кој топло го препорачувам за читање ... на сите оние кои се љубители на културното наследство ... за сите да сфатиме со што располагаме ... да се гордееме со нашето културно наследство ... да го промовираме каде можеме ... да го имаме во нашата подсвест за да не подсетува за нашите корени ... за нашиот идентитет кој влече дел и овие историски периоди ...

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-11.jpg

Во друг напис на МК википедија ке најдете:

Skupi, antique settlement near Skopje

1.- За Скупи првиот пост го пишав на 25 Април, 2006 - “Посете го СКУПИ“ ... и запишав – “... Ако верувате дека сте скопјанец, најдете време, сам или со некој од вашите блиски и прошетајте до Зајчев рид во близина на знаменитиот антички локалитет Скупи. Некогаш тоа беше омилено место за еднодневни екскурзии на граѓаните и учениците од сите школи во градот, каде редовно се одржуваше настава во природа.

„Што се би дал или сторил некој што го нема ова европско цивилизациско богатство, за да го има...!? „

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-09.jpg

Arwenaво првиот коментар даде свој допринос и напиша: “..Скупи или SCVPI е римски град кој се наоѓа на југозападното подножје од Зајчев Рид, на просторот на денешното село Злокуќани, 4 км северозападно од центарот на Скопје. Како најстари потврди за животот на ова место се група гробови од 8-6 век пред н.е. , а на самиот Зајчев Рид несомнено лежела најстарата населба. Ридот е висок 50-60 м. и доминира над околната рамница и устието на Лепенец во Вардар. И името на римскиот град е наследено од оваа најстара несомнено пајонска населба а означува скромни градби (Скупи-шупи, колиби, стреи). За најстарата населба се знае многу малку, но за римскиот град Скупи се дознава многу повеќе , како од натписите накјдени тука, така и од археолошките ископини во градот и околината. Римскиот град бил оформен на многу поголем простор, почнувајќи од врвот на Зајчев Рид и низ неговата широка југозападна падина, зафаќајќи ја и пространата рамница се до Вардар на југозапад. Градот живеел од 15 год. н.е. т.е. од 1 век н.е., оформен во почеток како легиски логор, се до доцната антика, односно приближно до 6 век. Правен плански, градот имал правоаголна основа. Бил долг 2500 римски стапки, а широк 2000. Површината изнесувала нешто повеќе од 40 ха. Опфатен со фортификација, во него од раноримските градби откопан е само театарот, а од останатите градби тука се 2 рова за модерен водовод преку целиот локалитет, регистрирана е една поплочена улица, повеќе профани градби, еден мозаичен под, канал за отпадни води, градска бања, базилика, некропола надвор од градот и др. Со изградба на претходно споменатата населба, а особено со неконтролираното подигање на дивоградби врз и околу неа, оштетен е поголем дел од локалитетот. Со градежните работи исто така се оштетени голем број на културни слоеви. Со импозантноста која ја нуди локалитетот, и неговата близина, сепак е сторено многу малку во однос на неговата презентација и пошироко запознавање на јавноста со огромното значење и вредноста која тој ја нуди..“

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-15.jpg

Во коментар на постот сум додал: “.. Грција и Италија живеат во голема мера и од старите споменици на културата.

Ние тука во Македонија незнаеме да си ги користиме предностите. Не знаеме да си ја почитуваме историјата и да ги истакнуваме обележјата... Како и да е Македонија најверојатно нема нафта, но каде и да прокопаш подлабоко од неколку метра ке најдеш на повеќекратен слој на археолошки наоди....

Срамота е за Скопје да еден така важен споменик на Археологијата стои подзаборавен а е само на неколку чекори од центарот на Скопје....

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-14.jpg

Меѓу многуте можности за Македонскиот граѓанин да заработи и да се вработи е секако туризмот ... Швајцарија и Аустрија немаат море ама имаат многу голем колач од туристичкото евро во своите буџети ... Затоа се залагам да новата влада се надополни со нов ресор - Министерство за Туризам и Угостителство ...

На крај во коментарите дадов педесетина линкови за Скупи кои ги има во интернет просторот ...

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-23.jpg

2.- Вториот пост за Скупи го напишав на 20 Јуни, 2006 – “Скупи, Стоби, Хераклеја“ ... “.. По Изборот на Италијнската Влада - Скупи, Стоби и Хераклеја ќе добијат донацијата вредна 3 милиони евра. Линк тука. ... Странските Влади со своите донации повеќе пати ни нагласуваат дека во Македонија има непроценливи Археолошки локалитети - кои треба да искочат на сончевата светлина и да блеснат со својата убвина и значение за цивилизацијата воопшто.

Овие три локалитета секако се и неискористени Брендови на Македонското културно наследство и недоволно промовирани во светот како туристички дестинации.

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-25.jpg

3.- Третиот пост за Скупи го напишав на 20 Јули, 2006 – “Aрхеолошки парк на локалитетот Скупи“ ... “..Музејот на Град Скопје ќе уредува археолошки парк во Скупи на површина од 5 000 хектари, и од овој антички локалитет ќе прави туристичка атракција. Со проектот се предвидува хортикултурно уредување на просторот, изградба на патеки, осветлување, поставување информативни и патоказни табли, а ќе бидат организирани и туристички посети на локалитетот.. – сето ова со парите од италијанската Влада ...

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-16.jpg

4.- Четвртиот пост за Скупи го напишав на 21 Јули, 2006 – “Концерт во Скупи – Ксантика“ ... Здружението за негување на древните традиции „Ксантика“, утре организира голема манифестација во археолошкиот локалитет Скупи. - Ксантика празник на пролетта

Цел на настанот е возобновување на античкиот театар во Скупи како место на кое треба да се случуваат голем број културни збиднувања и негова поголема туристичка афирмација...

Во коментарите имам дадено доста линкови од написи за Скупи од тој период ... Од кои посебно ги истакнувам

РИМСКИОТ ГРАД СЕ КРИЕ ПОД "ПРИВРЕМЕНИТЕ" ОБЈЕКТИ...Со претставите на “Скрб и утеха” и со беседите за Ксантика - ВОЗОБНОВЕН АНТИЧКИОТ ТЕАТАР СКУПИ...Kонзервација, реставрација и презентација на археолошки локалитети... Античкиот театар Скупи

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-29.jpg

5.- Петиот пост за Скупи го напишав на 25 Јули, 2006 – “Македонските Антички Театри“ ... Колку време ке ни треба да ги ставиме во функција сите антички театри во Македонија - или барем оние поголемите ... - Најдалеку има отидено Хераклеја - во Битола. Битолчани со години наназад не можат да ги замислат своите топли летни вечери, без добрите културни збиднувања на Хераклеја ... - Сите сега се гордееме со Античкиот театар во Охрид. Тој е главното место на Охридскиот летен фестивал. Престижен е и на него сакаат да настапуваат и славни музички имиња од светот ... - Понатака доаѓа Античкиот театар во Стоби - кој во последните неколку години се развива во одлично место за театарски престави и разни други манифестации од експерименталната театарска и музичка сцена ...

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-07.jpg

- За крај останува Античкиот театар во Скупи. Тој иако се наоѓа во центарот на Скопје - три километри од сегашниот центар - е најзапуштен, најнеистражен и најмалку експлоатиран. За него одвреме навреме ке блесне некој напис и некоја невладина организација ке организира некое случување. Такви културни случувања во последно време организра и општината Карпош. Но сето тоа не е доволно. На градот треба што поскоро да му се врати и пушти во функција еден од најголемите антички театри во Македонија и пошироко. ....

За античките театри кибицер во коментар ке напише: - “..Театрите постепено почнуваат да згаснуваат по 313 г. кога христијанството е признато за рамноправна религија во Империјата, а тој процес се забрзува по Никејскиот собор во 325 година кога Црквата дефинитивно се етаблира во сите пори на опоштествено - политичкиот и културниот живор. Но, сепак, се до 392 година античкиот театар ја задржува својата функција. По Едиктот на Теодосиј I во 392 г. со кој христијанството станува единствената допуштена религија во Империјата забранети се сите пагански култови и фестивали, вклучувајќи го и постоењето на театрите како места на култот на богот Дионис.
Имено, христијанската Црква уште во своите почетоци најстрого им забранува на своите верници да ги посетуваат театарските претстави како места на паганските култови. Подоцна во театрите се вршат егзекуции на христијаните и тоа е дополнителна причина за нивната омразеност сред христијанските верници. Значи главната причина за згаснување на античките театри е учењето на христијанската Црква, процесот на христијанизација на Империјата и етаблирањето на Црквата во општествено - политичкиот и културниот живот во Империјата. Со завршувањето на процесот на христијанизација на целата територија на Империјата и етаблирањрто на христијанството за единствена дозволена религија во државата, конечно, со закон е забрането постоењето на театрите како места на паганските култови.

Друг интересен податок е фактот дека на територијата на античка Македонија пронајдени се единствено театри, но не и амфитеатри.

Во врска со театарот во Скупи, во научната јавност постои полемика дали се работи за театар или амфитеатар. Постојат научници - археолози кои ја застапуваат тезата дека станува збор за амфитеатар, а не театар. Се чини дека и оние кои тврдат дека градбата во Скупи е театар, сепак малку ретерираат од својот став и велат дека „можеби е театар, но од римски тип“ - што во основа оди во прилог на тезата дека најверојатно градбата не е класичен театар туку амфитеатар. Ова, пак, доплонително оди во прилог на тезата дека Скупи не влегувал во Македонија (каде има само театри) туку во Дарданија..“

Се залагам да се направат посебни видео пресентации за сите поважни антички локалитети – со идеја да се прикаже историјата на развојот на локалитетите ... со приказ на безбројните артефакти ... со можност да се види графички како изгледа во целина локалитетот ... сево ова и на англиски ... за да се влечат пари од сведските фондови за заштита на културното наследаство ... а од локалитетите да се направи првокласна туристичка атракција ....

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-12.jpghttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-33.jpgSkopje Skupi  A cup found in the Skopje areahttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-26.jpghttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-31.jpg

Emperor Iustinian Ihttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-10.jpgСликата “http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-08.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-22.jpghttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-27.jpghttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-24.jpghttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-02.jpghttp://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-03.jpg










Neolith,archaeological site Govrlevo

Roman Lamps, Scupi - Eastern Necropolis 1st - 2nd century A.D. ceramics




No comments:

Blog Archive

Site Meter