Search This Blog

Monday, March 05, 2007

КАКО СЕ ТРОШАТ - нашите пари

Како се трошат нашите пари ... парите од буџетот ... Навистина кој ги контролира буџетските корисници како ги трошат нашите пари ... Некаков државен ревизор - кој чинам го бира собранието ... ??

Во 2003 година бил купен спортски авбтомобил "доџ авенџер" ... На кого во Министерството за правда му требал ваков автомобил ... Кој тоа требало да се вози
и покажува во него ... Кој требало да биде воодушевен од удобностите на ваков спортски автомобил ... Од кога Министерствата се возат со спортски автомобили ...

Крем на оваа јавна набавка е кражбата на овој автомобил ...

"Авенџерот" беше украден кога министер за правда беше Исмаил Дардишта. Тоа е едно од петте возила кои беа украдени од Министерството. Минатата година Државниот завод за ревизија објави дека во Министерството за правда недостигаат пет возила: "мерцедес", "алфа ромео", два "голфа" и "доџ авенџер" …

No comments:

Blog Archive

Site Meter