Search This Blog

Monday, March 19, 2007

БУРЕК ... со јогрут

Требаше да ставам рецки некаде колку бурек сум изел наутро ... богами цела тетратка со рецки ке отидеше ... Ги сакаам воопшто тестенините ... меѓу кои е и бурекот ... Бурекот е омилена дисциплина за нас балканците ... Се прави во Македонија, Србија, Босна, Црна Гора, Грција, Турција ... некако за Бугарија не се сеќавам ... Гледам од Википедија дека се прави и во Албанија, Хрватска, Словенија и Бугарија ... но бидејки во тие земји самиот не сум го пробал бурекот не ги ни наведов ...

Колку само бурекџии има по скопјево ... Едно време додека бевме помлади имавме обичај во раните утрински часови пред да си дојдеме дома да одиме на бурек ... Имаше неколку бурекџилници во Скопје кои работеа по цела ноќ ... Онака одиш таму - му тропаш на прозорот на мајсторот рано сабајле ... прозорот навлажнет од кондезираната влага од внатре ... Зошто најдобрите бурек и пица мајстори се мажите ??! ... Во ситни сати имам јадено бурек и во Охрид ...

И утрово јадев бурек - со јогрут ... од оние крцкавите ... Доручкувајки го муабетевме бурекот со една Блог пријателка, на која и ги раскопав цревата со лиги - евоцирајки некои спомени во врска со бурекот се роди постов ... Сакаше и таа бурек ама немаше услови за тоа таму каде што беше - мораше да јаде грав ...

Гледам на Википедија нема ништо за бурек ... на македонската де ... некој под хитно нека шкртне нешто (нека побара спонзорство од Јанко Илковски) ... срамота е нација на која наутро омилена спортска дисциплина и е јадење бурек ... да нема ништо на македонската Википедија ...

Во врска со бурекот - кој е феномен за себе како храна - во животот кога некој премногу “бистри политика“ - му се вика ај нејади бурек“ ... А во вечерните часови за Скопје во последно време се јаде бурек во емисијата на Јанко ИлковскиЈади бурек“ ...

Кога е некој уште млад и “зелен“ му се вели ... треба да изедеш уште многу пити бурек за да разбереш ...

Еве и еден рецепт за правење бурек од нашата блог звезда во подем cOOOkbOOOk ... БУРЕК со месо

No comments:

Blog Archive

Site Meter