Search This Blog

Saturday, March 24, 2007

ИНТЕРНЕТ и баба Трајанка

Навистина се слагам дека компјутерските познавања и интернет вештините се неопходни за секој млад човек ... Ја подржувам копјутеризацијата и интернетизацијата по школите ... Владата огласи бесплатни курсеви за користење на компјутери и интернет за сите заинтересирани граѓани ...

Но ... Читам во денешниот Утрински ... Сојузот на организации на жените на Македонија ќе организира бесплатни часови за основни компјутерски вештини за сите заинтересирани девојки и жени. Едукацијата на кандидатките ќе се реализира во рамките на Бизнис тренинг-центарот за жени, а заинтересираните ќе можат да се пријавуваат до 31 март на телефоните 3220-570 и 3134-390.

Па мора ли во се - да се бара решение во политички ангажмани на исти невладини организации ... Од каде дојде дека - курсеви за компјутерски вештини ке организираат Сојузот на организации на жените на Македонија - и тоа преку Центарот за соработка помеѓу кинеските и македонските жени. ...

Но ... слушам се пријавила и бабами Трајанка - ке одела на курс за компјутери - за да знае како да го исклучи компјутерот - кога внукот ке го заборави уклучен ... :) За секој случај со себе го зема и плетивото ... да го довеши џемперот - додека чека на ред за курсот ... :)

Женами за исклучување на компјутерот е веќе обучена ... го чупа пауер кабелот од струја ... :)

No comments:

Blog Archive

Site Meter