Search This Blog

Thursday, March 15, 2007

„Т-мобиле“ - при-пејд ваучери

„Т-мобиле“ по воведувањето на третиот оператор во игра се одлучи да го зголеми рокот на важноста на при-пејд ваучерите. Ваучерите од 590 денари ќе бидат продолжени од 90 на 180 дена, од 900 денари од 150 на 360, а на ваучерите од 2.000 денари од 360 на 500 дена.

Отсега при-пејд корисниците ќе можат да ја надополнат својата или сметката на друг корисник на повеќе од 2.000 локации: бензински станици, продавници на "Макпетрол", локални продавници и маркети, трафики и други места, се вели во соопштението. (МИА)

Досегашната важност на при-пејд ваучерите - беше доста неинвентивна одлука на „Т-мобиле“ - со оглед дека ваучерите на Космофон важат година дена ...

За жал при-пејд ваучерите во фиксната телефонија важат само месец дена ... последица од немањето конкуренција во фиксната телефонија ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter