Search This Blog

Monday, March 26, 2007

ВО ВИНОТО Е СПАС - in vino veritas

Знам дека in vino veritas - во превод значи во виното е вистината ... што би се рекло кога човек ке се напие вино ја кажува само вистината ... Виното и љубовта се пријатели - одат добро заедно ... Виното е храна а не алкохол во многу држави ...

Но тука виното сакам да го посматрам како еден од можните артикли кои во иднина треба да станат БРЕНД производи за македонското земјоделие ... Виното и виновата лоза се присатни на македонската почва од давнина ... Не случајно кралството Караѓорѓевиќи изгради кралсака винарија токму во Кавадарци ... Од цела бивша Југославија Македонија имаше најдобри природни услови за одгледување на винова лоза ... Неготино а поготову Кавадарци е познато по квалитетното вино ... Спомните му на некого во било кој крај во Југославија Кавадарци ... ке ви реќе а да таму има добро вино и жолта ракија ... И ден денешен во Србија не смејам да појдам на гости а да не однасам бокс Смедеревка или некоја флаша добро црвено ...

И покасно во Социјалистичка Југославија - беше фаворизирано виното и одгледувањето на виновата лоза - па така се создадоа големи винарски региони во Скопје “Сковин винрија“ - по капацитет најголем винарски подрум во Македонија ... Велес имаше една од најголемите парцели на винова лоза на која редовно се употребуваа насовремени агротехнички мерки - се отвори и винарска визба при агрокомбинатот во “Лозар“ ... Куманово има само производство на винова лоза - но затоа Штип во рамките на агрокомбинатот отвори свој винарски подрум ... како и Струмица ... и Гевгелија ...

За жал не успеавме до сега осем во регионот на Кавадарци и Неготино да створиме квалитетни сорти на Бренд вина кои би биле препознатливи за странските купувачи ... Македонија во Југославија стана суроинска база за производство на вино ... но виното го “извезувавме“ во Македонија во вагон цистерни - кои одеа во Словенија, Хрватска па и Србија каде се флашираа ... Па така Словенците го јадеа кајмакот ... Ке ставеа етикета на убава флаша и така виното стана Словенечки бренд ...

Нешто слично се случуваше и во самостојна Македонија се до приватизирањето на винските подруми - кои полека ја менуваат сликата на извоз на на вино - од извоз на вино во вагон-цистерни се оди полека но сигурно во извоз на флаширано вино со стари и нови брендови на вино ... Има неколку нови винарии со нови сорти на вино ... На памет ми паѓа “Бовин“ ... Другите ке ги додадам кога ке се сетам или кога вие во коментарите ке ме подсетите ...

Производството и садењето на винова лоза треба да го зголемиме пред да влеземе во ЕУ - бидејки бројот на винова лоза до тогаш ке биде мериторен и максимален број на винова лоза која ке можеме да ја засадиме во Македноија ... Французите, Шпанците и Португалците имаат протуркано пропис во ЕУ - кој ги штити од новите земји кои влегуваат во ЕУ - Земјата која ке пристапи во ЕУ, не може да има повеќе винова лоза од пред пристапувањето ... за да не им наштетат на нивните винарии ...

Во Македонија еден сериозен бизнисмен и стара лисица на македоскиот бизнис “Свето пивара“ - излезе од доходовниот бизнисот со пиво и влезе во бизнисот со вино ... тоа не е случајно .... Њухот на Свето му говори дека во виното лежи голем потенцијал на Македонското земјоделие ...

За жал Винарството не е доволно добро пратено од банкарскиот сектор ... Македонскиот банкарски сектор нема сенс и е прескап за македонскиот земјоделец ... тој треба да издржи со инвестиција цела година - да вложува во производството на грозјето па дури потоа да ги поврати парите - ако не му го одземе родот прирорадата во форма на мраз, град или суша ...Па и потоа може го опељуши оној што ке му го “откупи“ грозјето и тој ке чека година дена да си ги земе парите ...

Уште полошо банкарски не се прати производството на квалитено бренд вино - за кое треба неколку години да помине во созревањето во подрумот па потоа да ги добие потребните Бренд препознатливи квалитети ...

Деновиве слушам за една друга идеја - производ од македонското вино а тоа е “медицинско вино“ ... Ова го промовира едена друга прекалена лисица на македонскиот бизнис ... Благоја Механџиски ... Тој во соработка со исландската компанија „Мајлстоун“, преку својот „Зегин“ вложува во винарството ...

Истовремено работина три фронта - Го проучува начинот на производство на квалитетно медицинско вино - Ги посетува сведските центри за производство на медицинско вино - Јужноафриканската Република ... Бразил ... Куба ... Чиле ... И договара сигурен откуп на грозје со однапред определена цена ... откуп на 35 милиони килограми грозје ...

** Досега се јавија околу 1.800 земјоделци од целата земја. Првпат лозарите се третираат како партнери. Ќе знаат колку ќе произведуваат и која откупна цена ќе ја добијат, ќе ги имаат сите потребни совети, агро и хемиски заштитни материјали што ги бара современото одгледување на грозјето. Наши стручњаци ќе го надгледуваат производството, кое мора да биде според најсовремените доктрини и стандарди. Очекуваме да имаме од 3.500 до 7.500 кооперанти.
** Досегашната анализа покажа дека македонската почва е добра за одгледување грозје. Таа е една од ретките што се богати со аминокиселини. Нашето грозје дава повеќе проценти на активни супстанции, кои се потребни за производство на квалитетно вино. Имаме подлога за да направиме добро медицинско вино.
** Нам не ни требаат малигните туку активните супстанции, антиоксидансите, олигоелементите и аминокиселините. Винската киселина ја има само во виното. Ние ќе ги изолираме овие активни супстанции.
** Нам не ни требаат малигните туку активните супстанции, антиоксидансите, олигоелементите и аминокиселините. Винската киселина ја има само во виното. Ние ќе ги изолираме овие активни супстанции. Ќе направиме винарницата да личи на медицинска индустрија.
** Винарниците се семејни и организирани на многу високо ниво. Видов 60 винарници и ниедна не беше помлада од 200 години.
** Виното се раѓа во лозјето, расте на лозата, созрева во винарската визба, спие во шишето и се буди на масата. Тоа е животниот пат на виното, еден од најстарите лекови. Луј Пастер во 1894 година го спасува Париз од колера со вино.


No comments:

Blog Archive

Site Meter