Search This Blog

Monday, April 02, 2007

ЦЕНА НА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Читајки го понеделничкиот број на Вечер (скоро по правило Вечер во понеделницете се доста инспиративни ...) - се запрашав колку чини едно убиство во Македонија ...

Самиот напис - Колку чини едно убиство?! ... како резултат на своето истражување дава податок дека:
- САД ..
едно убиство државата ја чини милион и двесте илјади долари
- Бразил .. секое убиство ја чини државата помеѓу осумстотини илјади и еден милион долари.
- Данците за секое убиство мора да издвојат по 500.000 евра
- Швеѓаните 400.000
- Норвежаните на семејството на жртвата му даваат еднократна помош од 100.000 евра.

- Убиствата се џабе во африканските земји, бидејќи таму не се предвидени никакви исплати за отштета или осигурување на жртвата, а не се пресметуваат ниту парите потрошени за убиецот, за престој и исхрана во затвор.

За жал мора да кажам дека и тука највеќе наликуваме со афричките земји - не случајно во многу скалила кога се мери некој државен дострел најблиски комшии ни се некои афрички земји ...

Во Македонија животот може да ти биде загрозен од бизарни причини ... малтене за сто денари некој може да те убие ... а во горепоменатиот напис како можни причини за убиство се наведуваат:
- расправии, понекогаш банални за паркинг-место или навреда
- поради некоја поранешна тепачка во која убиецот го извлекол подебелиот крај.
- поради користољубие или пак одмазда.

Загрижувачки е податокот т.е. проценката дека во Македонија сеуште има меѓу 120.000 и 150.000 илјади парчиња нелегално оружје. Секој кој го поседува оружјето го поседува за да го употреби ... и затоа често излегува дека оружјето си го зима данокот во крв и имаме ситуација - секој шести ден во Македонија има по едно убиство, а бројот на обиди за убиство е тројно зголемен ... Месечно во државата се случуваат повеќе од шест убиства, а најцрна точка во државата е Скопје ...

Во првите девет месеци од оваа година, на подрачјето на Република Македонија се регистрирани 41 убиство, односно ист број како и во првите девет месеци од минатата година.

Што се однесува до мотивите,
- девет убиства се извршени поради претходни расправии и тепачки,
- осум поради нарушени брачни и семејни односи, во по
- три случаи убиствата се извршени од користољубие,
- поради нерасчистени долгови и во
- состојба на психичка растроеност и во по два случаи поради
- прекин на љубовна врска и
- од небрежност.



No comments:

Blog Archive

Site Meter