Search This Blog

Friday, April 06, 2007

СОНЧЕВ ГРАД

е биде ли ова пресвртница во начинот на градбата за станбени потреби во Скопје и воопшто Македонија ... Зошто го велам ова ... За првпат по многу години се дава на меѓународен конкурс едена локација за изградба на станови за живеење ... Досега ова во Македонија се нема случено - последен пат се направи нешто слично со населбата Радишани - каде фабриката Треска изгради населба .... истотака на сончева страна но тогаш на падините на Скопска црна гора ...

Пред тоа последен пат вака се градеше по земјотресот - населбите со бараките во Црниче ... Лисиче ... Бутел ... Во Ајродром и Ново Лисиче каде учествуваа повеќе реномирани градежни компании ... и тоа е пример за добра организација на градба ... но тука се уништи плодно земјиште ... житницата на Скопје ... а самата населба е затруена со блиските фабрички оџаци ... а и маглата е посебен проблем ...

Предноста на ваков начин на градба е многукратна ...
- Прво се бира здрава локација со идеален распоред на сонце и струење на воздух ...
- Понатака најпрвин се решаваат комуналните инфраструктурни зафати - патишта струја вода телефон и сл ...
- Нивелирање на терен ...
- Дури потоа се гради куќа по мерка на идниот станар ...
- Се гради со ефтини материјали и брзо ... но со запазување на прописите за градба и добрата излација ...
- Не се создава мешање на станбена зона и зона за работа ...

Со еден збор така се гради насекаде во светот ... само кај нас се гради многу години наопаку ... По центар се уриваат мали куќарчиња и се градат станови за живеење ... без обезбеден паркинг ... во простор каде воздухот е загаден ... има голема бучава ...

Инаку самата идеја за сончевиот град не е на оваа Влада ... Минатата влада беше во директни преговори со еден германски инвеститор за оваа локација ... Види линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, ..

Но како и да е оваа Влада заслужи пофалби што се одлучи за меѓународен тендер на продажба на земјиштето - конечно се напуштија договорите во четири очи ... одкако предходно го реши и дупот за локацијата ... Премиерот вчера на прес се пофали дека ова е еден дел од планот за зајакнување на странски инцестиции и отварање на нови работни места ... Башка што проектот се дава само на голема компанија која треба да даде и гаранција за навремен старт на проектот и квалитетна градба ...

Изгледа заврши ерата на мали градежни задруги кои добиваат сериозно големи проекти за градба ... Митото и корупцијат во градењето ке се намалат ...

** Вкупната површина на земјиштето кое е предмет на продажба изнесува 636.459, 48 метри квадратни. Јавното наддавање се однесува на целата површина односно не може да се учествува за поединечни парцели.
** Предмет на јавното наддавање се 603 градежни парцели со намена за семејно домување, со површина од 563.186,29 метри квадратни, 11 градежни парцели со намена за домување -терасести структури со површина од 48.481,43 метри квадратни и две градежни парцели за изградба на спортски терени, со површина од 24.809,75 метри квадратни.
** Заинтерсираните физички и правни лица за учество на јавното наддавње треба да поседуваат и до Комисијата за јавно наддавање да достават референтна листа за веќе изградени објекти од таков тип и обем, да достават докази за техничка способност на понудувачот, да имаат миниум 1.500 вработени лица, што ќе го докажат со листа за исплатени плати. Заинтерсираните за јавното наддавње треба да имаат годишен обрт на капитал од најмалку 100 милиони евра и да приложат банкарска гаранција во износ од три милиони евра издадена од реномирана банка со добра класификација и со најмалку „Б“ кредитен рејтинг.

** Вредноста на овој тендер се проценува на околу 100 милиони евра за следните четири години. Критериумите на тендерот е во согласност со стандардите на Европската Унија.
** Во првата фаза спаѓаат изградбата на улици, јавно осветлување, водоводи, телекомуникација и електрика.
** Втората фаза е уредување на градежното земјиште, до ниво на финален степен на земјиштето. Ќе се гради и прочистителна станица, која е надвор од планот.
** Правните и физичките лица треба да ги исполнуваат доказите за технички способности, да имаат 1.500 вработени лица, а почетната цена за наддавање е 250 денари од квадратен метар. Депозитот на учеството за јавно наддавање е 15 отсто.
** На овој простор е предвидена изградба на 602 индивидуални куќи и 11 станбени згради за шест илјади луѓе.

Image0404-1936(A1).jpgImage0404-1937(A1)[4].jpgImage0404-1937(A1)[5].jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter