Search This Blog

Friday, April 13, 2007

И ЈАС БИ ИГРАЛ ТАКА

Груевски во два наврата направи чекор како што би направил секој економист - кога ке оцени дека во касата има доволно пари ... и врати предвремено кредити кои непотребно го оптеретуваат буџетот и платно биласната позиција на РМ.

Имено во услови кога вкупниот Јавен долг на Македонија изнесува 1,6 милијарди евра, а надворешниот долг е 1,05 милијарди евра - а Девизните резерви, според Груевски, се 1,8 милијарди евра ... сосема е логично да се врати дел од долгот и да се растерети буџетот од непотребните камати а во исто време да се прати сигнал дека Македонија цврсто стои на монетарен план - што би предизвикало позитивен ефект во директните странски инвестиции и во евентуални идни кредитни задолжувања ...

И така парите од нашите девизни резерви се чуваат во светските банки - и не служат за развој на МК стопанство ... туку само се гарант за враќање на кредитното задолжување кон странство ...

Груевски најави дека по враќањето на долгот кон Парискиот Клуб во износ од 103 милиони долари и овој 137 милиони долари долг кон Светска банка и кон Европската инвестициона банка - нашата земја од средно задолжена, влезе во групата ниско задолжени земји ...

Морам да кажам дека оваа лагодност да се вратат кредити предвремено го дозволува дотурот на девизи во државата од нашите иселеници во странство - кој во последните две години се искачи на ниво од милијарда евра на годишно ниво ... Светската банка и ММФ се чудат за ваквата појава и во недоверба дали се тоа сигурни извори - прават дополнителни истражувања од каде потекнуваат ови трансфери ...

Па после нека рече некој дека на нашите иселеници не треба да им се даде право на глас ... милијарда евра на годишно ниво е доволна причина да им се овозможи минимумот и правото на глас - т.е. одлучувањето кој ке ја води Македонија ... и со која и каква програма ... (ако ја имаат де ...)

Груевски најави дека следното очекувао предвремено враќање на кредитите - ке биде кон ММФ ... Со тоа во иднина со ММФ ке се оствари друг вид на соработка - каква што има Словенија да речеме која нема договор со ММФ ...

Потегов го критикува бившиот министер за Финасии госп. Никола Поповски - велејки дека тој е за враќање на долговите ... но да не се пребрзувало ... ??! Поповски не сака ниту змија ниту магаре ... Башка се пофали дека тој и неговата Влада се тие кои ги зголемија девизните резерви - со продажбата на дел од Електростопанството ...

- КОЈ Е ГАЗДА - на Македонија ?! ... 20 Февруари, 2007

- ДИКТАТУРА НА ММФ ... 2 Февруари, 2007

- ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ ... 31 Јануари, 2007

- Сиромаштија и ММФ ... 6 Мај, 2006

- За економската политика на РМ ... 25 Април, 2006

- ММФ не отпишува ... 18 Април, 2006

- И патиштата ке ни ги приватизираат ? ... 17 Април, 2006

- Кривецот за економската состојба на Македонија ... 12 Април, 2006

No comments:

Blog Archive

Site Meter