Search This Blog

Monday, April 16, 2007

ИНСПЕКЦИЈА

Едно време се знаеше кој влегува во дуќаните - дали се редовни муштерии или се ИНСПЕКТОРИ ...

Ако беше редовен муштерија тој се понесуваше како секој редовен муштерија - зависно од дуќанот ... ако е продавница - ке разгледуваше или ке купуваше нешто ... ако е ресторант или кафиќ ке дојдеше во друштво или сам - ке седнеше на некоја од масите - ке нарачаше нешто и така ...

Ако беа Инспектори - сеедно дали од Пазарна или од Трудова тие можеше да ги погодиш од далеку ... Обавезно со големи актен ташни во рацете или дебели папки под мишките - претежно средновечни жени ... или типци со јаки бркови ... И се знаеше по влегувањето на Инспекцијата се седнуваше инспекторот по страна и со кафе муабет се договараше ... Ако му треба нешто на инспекторот ке му се спакуваше и ке му се тутнеше во багажникот - или некаква донација за неговото новородено дете ... и сл ... Имаше случаеви кога инспекторите правеа и по некој записник - колку да го правдаат денот ...

Но деновиве некои нови ветрови дуваат во начинот како треба да изгледа Инспектор ... По царинските испостави и кај пооделни доктори се испратија специјални инспектори - кои се служат со софистицирани апарати за докажување на инкриминирано дело ... се разбира од 5 до 300 евра ... За појаките случаи работи специјална служба со специјални методи ... иакодо душа резултати не се гледаат ... Крупните риби некако лесно ја цепаат инспекциската мрежа ...

Осовременувањето на инспекцијата оди до таму што на пример инспектори кои одат на контрола на работењето на рестораните во Охрид да речеме ... влегуваат прерушени во гости и тоа како странци ... замислете комуницираат цело време на англеиски ... се забавуваат - дури и играат ... но на крај сметката ја плаќа сопственикот - ако не е се како што треба ...

Кога ке навлезеше инспекција на одредена локација - гласот за тоа се ширеше како молња во соседните дуќани и сите веднаш затвараа ... со налепница - брзо ке се вратам :) ... Нормално дуќанте се отвараа кога ке поминеше опасноста т.е. кога Инспекцијата ке си појдеше дома ...

Башка порано се знаеше кога е работно време на инспекцијата ... а сега се “забораваат инспекторите“ ... Не почитуваат свое работно време ... Одат во контрола и во ситни сати на ноќта ... дури и во Недели ... па и државни празници ... Дури ни црковните празници не ти даваат сигурност дека тој ден нема да помне некој инспектор ...

Стравот го чува лозјето - вели една народна ...

Значи - беља работа - веќе не си сигурен кој е муштерија а кој Инспектор ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter