Search This Blog

Tuesday, April 17, 2007

„Трипл плеј пакет“ и во Македонија

На телекомуникацискиот пазар се појавува нов крупен играч во името на бугарската компанија „Кејбл тел“ - која пак е сочинета од Амерички акционери од Тексас чинам ...

Имено „Кејбл тел“ ги купува кабелските оператори „Зора“, „Зора кабел“, „Кабелскоп“, „Максат и Наумоски“, „Кабелсат“, „Галакси“, „Кабел фокс“, „Кадис 200“, „Астра 99“, „Старкс“, „Спринг“, „Мултиком“ и „Сат медија“. Се очекува до крајот на месецот да се постигне трансферот на капиталот ...

Ова секако треба да ги радува Македонските граѓани - кои трпат огромни удари на своите буџети од Монополот на МТ ...

„Кејбл тел“ планира да понуди - „трипл плеј пакет“, што содржи кабелска телевизија, Интернет и телефонија ...

Територијата што не ја покрива со купувањето на горенаведените кабелски провајдери на телевизија и интернет - планира да ја покрие со свој инвестиција на ширење на мрежата ... Секако сите провајдери ке ги поврзе меѓу себе ...

Би сакал да се оствари оваа инвестициона активност - за конечно да добиеме поефтина телефонија и секако интернет ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter