Search This Blog

Wednesday, April 18, 2007

У БРАЗДУ

Често се сеќавам на дедоми Столе ... Дедоми Столе стално имаше пар крави кои пред се му служеа за млеко - но со нив вршеше и други земјоделски работи од кои една од поважните е орање ... Додека бев помал и одев кај дедоми на орање ретко ме водеше ... Се ореше претежно во раните утрински часови кога е поладно за кравите ... Но понекојпат кога имаше потреба некој да ги води кравите - кога се работеше за браздење на пченка и нагрнување на пченка - ке ме пробудеше и ке ме земеше ... “Ајде синко“ велеше ... “да га заработимо леб“ ...

Кравите на дедоми кога беа постари си ја знаеа работата и не требаше да ги подучува никој како се ора ... Тие сами знаеаа која крава треба да влезе во бразда ... а која да следи ... Проблем настануваше кога дедоми заучуваше младо кравче да влезе во бразда ... Вообичаено на постарата крава ке и ставеше јаже да не може да ја престигне помладата крава и да и го остави сиот терет на наејзе (се врзуваше јаже/граничник од јаремот на делот на постарата крава до плугот ...)... а целото внимание ке го насочеше кон командување на помладата крава која мораше да го научи редот ... Ке викнеше “У бразду“ ... кога кравчето ке излезеше од бразда и благо ке ја мавноше со стапчето - за да ја опомени ... понекојпат мавнувањето ке беше и малку појако ... но се со цел да се научи крвчето да влегува во ред и да и ја научи работата .. да си ја заработи сламата и сеното кое следуваше ...

Дедоми се одолжуваше кон своите домашни животно со тоа што ги сакаше до бескрај ... ги тимареше (чистење и чешање ...) ... разговараше со нив како да му се деца ... им тепаше ... му беа први први и најверни другари ...

Сето ова Ви го кажувам за да направам паралела со она што ни се случува денеска ... не само на мене туку гледам, слушам и читам на сите нас родители ... Имено нашите деца никако да ги научиме да влегуваат во својата бразда и да научат како се раѓа лебот и да влезат во колотекот на животот ...

Имено попуштајки на своите деца до бескрај - поготово мајките ... децата никоко да се научат да влегуваат во брзда ... Како родители си велиме ај нека се одморат децата ... нека поспијат малку ... Ке има време кога ке се научат да работат ... Ќе ги научи животот ...

Но дали треба да е тоа така ... Дали женското дете треба да научи да готви ручек првиот ден од кога ке стане своја самостојна домаќинка ... Дали тогаш треба да научи како се пушта машината за перење и како се пегллаат алиштата ... Кога треба децата да научат дека работите треба да се враќаат на свое место ... Дека мора некој да ги стави таму (облеката ... обувките ... тањирите ... чашите ...) ... Ги будиш наутро за на школо ... факултет ... а тоа луто вели ... е што ме будиш бе ... знаеш дека синоќа се вратив во пет ...

Што треба да му одговориш на дете кога ке ти рече - “ке ти ги вратам сите пари што си ги вложил во мене“ ... Кога и како ке сватат децата дека тоа не се враќа на родителите - туку се враќа на своите деца ... кога ке дојде време да ги имаат ...

Децата некој мора да ги науче да влегуваат во бразда ... а тоа се пред се родителите и образовниот систем ...

- Мала сторија за мојот татко ... вторник, март 14, 2006

No comments:

Blog Archive

Site Meter