Search This Blog

Monday, April 23, 2007

БЛОГ - граѓанско новинарство

Во МК се створи критична маса на Блогови ...
- Само на Блогерај денеска имаме веќе ... сите (14026) ...
- Блогер МК ... Вкупно корисници: 780 ...
- Blogspot ... Blogger ... еден од најпопуларните блогсервиси што не се од МК ...

Бројот на блоговите во странски блог сериси тешко се утрврдува ... но по слободна проценка веројатно не е повеќе од 2000 ...

Историјатот на МК блогосфера најдобро ја даде Развигор ;-) ... Хронологијата на македонската блогосфера ...

Се створија неколку МК пребарувачи за блоговите:
- Најди блог ...
- MAK Blog Search ...
- Маседониа срч ...
- Дигимак ...
- Technorati MAK Top ...

Во светот се познати повеќе добри пребарувачи на блогови:
- Amatomu ...
- Bloglines ...
- IceRocket ...
- Sphere ...
- Technorati ...

Соработката на таканаречените мејстрим медиуми во МК и блогерите оди - но оди со потешкотии. За ова пишуваше Развигор ;-) ... - Колку македонските весници се спремни за блогирање? ... 05 март 2006 ... И по ТВ емисиите се зборува се повеќе за блоговите ...

Меѓу другите функции на блогот во светот - блогот се намена како граѓанско новинарство ... Отука се посилен е притисокот на блоговите во МК јавност и се бараат начини како да се вклучат и блоговите во таканаречената МК јавност ... за да им се даде рамноправен пристап како и на Македонските новинари кои се организирани преку ЗНМ (Здрженије на Новинарите на Македонија) ...

Македонските блогери немаат официјализирано здружение во форма на граѓанско здружение ... Тоа е така бидејки МК блогери не го сакаат баш многу граѓанското здружување ... Дали може без вакво зружение да се организираат блогерите од МК ... Како е тоа здружување во светот - незнам ... Досега некакви иницијативи во врска со блоговите/блогерите имаме кај:

- НВО Инфоцентар ... Каде има одредена листа на блогови ... кои би требало да се информираат од таму ... или од таму да се наоѓаат соодветни блогови ... Незнам дали е доволно тоа што си блогер па да организираш прес во Ифоцентар ...
- Метаморфозис - која како фондација на двапати организираше неформални состаноци на МБЗ (Македонска Блог Заедница) ...

Но дали е ова доволно за организирање на МБЗ ... На ова прашање треба да одговорат самите блогери ...

Се навестува иницијатива за поканување и информирање на блогерите со работата на МК Влада ... Но организаторите на оваа иницијатива имаат проблем - заради немање на формално здружение на блогерите ... преку кои би се издавале PRESS легитимации ... Како да се дојде до PRESS легитимација а да не си формален член на некаква асоцијација или здружение - навистина незнам ... Кој е тој што само на база на твојот блог би ит издал PRESS легитимацја ...

На слични теми пишував и порано:
- НОВИ МАКЕДОНСКИ ПАРИ ... 19 Април, 2007
- ГЕНИЈАЛНОСТА НА ШПИЦ ...15 Април, 2007
- „Зајди, зајди“ ... МК блогери и интернет страници VS. МК печатени медиуми ... 11 Април, 2007
- ФОКУС и МК Блогосфера ... 8 Април, 2007
- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори ... 27 Јануари, 2007
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел ... 26 Јануари, 2007
- ЛИНК ... ЛИНКУВАЊЕ ... Блог ... Интернет ... 23 Март, 2007
- БЛОГЕРИ НОВИНАРИ ... 23 Јануари, 2007
- БЛОГ на МК Политичари ... 29 Декември, 2006
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ ... 28 Декември, 2006
- БЛОГОВИ - БОГОВИ ... 15 Декември, 2006
- ЉУБОМОРА - НОВИНАРСКА - БИБЛИСКА ... 18 Октомври, 2006
- Блогерите и имиџот на Компаниите - Брендови ... 22 Април, 2006

No comments:

Blog Archive

Site Meter