Search This Blog

Friday, April 20, 2007

МАГАРЕ - сведок

Денеска некако ми тргна да пишувам за амерички начин на живот ... (види ги предходните два поста) ... но налетав на нова информација која ми ја дополни сликата за што се сиротите Американци се грижат ...

Имено поради соседска расправија во Далас, Тексас - каде еден сосед го тужи другиот сосед поради рикањето на неговото магаре ... Како доказ дека магарето Бади не е такво и толку лошо ... магарето било изведено како сведок на судскиот процес ... видете има и слика :) ... и пред поротниците покажало дека е мирно суштество со добро однесување, а не бучно, агресивно животно како што го обвинуваат.

** Магарето рика во кое било време од денот или ноќта. Никогаш не знаеш кога ќе „откачи“ - се бунел тужителот ...
** Бади бил доведен за да му послужи како сурогат-мајка за телето Луси, кое требало да се храни со цуцла. ... изјавил тужениот ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter