Search This Blog

Friday, April 20, 2007

ГРИЖАТА на „Мајкрософт“

Пребогатиот Мајкрософт - најавува дека во иднина ке се “грижи“ за сиромаштијата која броела 5 милијарди луѓе ...

Своите развојни планови ги насочуваат кон трансформација на образованието, промоција на локалните иновации и за отворање нови работни места ... се преку експанзија на програмата „Мајкрософт неограничен потенцијал“

По сево ова се запрашав има ли некоj од листата на најбогатите луѓе во светот кој не се збогатил од сиромаштијата ... Ако малку повеќе се задлабочите на анализата ке видите дека - сите богаташи заработеле од сиромаштијата ... Просто е најбројни луѓе на планетата се токму сиромашните ... И се што е производ кој го купува сиромашниот е идеален производ за енормно збогатување ... Па уште ако може да има некаков монопол ... каков што е монополот на Мајкрософт ... Ете ти рецепт како од богат да станеш уште побогат ... “грижејки“ се за сиромавите ...

Кое лицемерие ... Природна е да сакаш да заработуваш - но лицемерно е да велиш дека тоа го правиш со цел да им помогнеш на сиромашните и немоќните ...

Ова ти е како кога некого ке го осудиш на смрт со бесење ... ама пред да го обесиш околу омчата ставаш нешто меко - за да не почуствува болка оној кој го бесиш ... Имаше една песна “Убиј ме нежно“ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter