Search This Blog

Wednesday, April 04, 2007

Њи - МАЏ технологија ... WiMax

Дали на некого му е јасно што е “Њи - МАЏ технологија“ ... Како што гледате од линког на “Google“ - нема адекватни резултати кои би довеле до некава логика и објаснување на поимот “Њи - МАЏ технологија“ ...

Но новинарот на Шпиц - Владо АПОСТОЛОВ во денешниот броја во написот - Македонија фаќа чекор со интернет-револуцијата ... не убедува дека “Њи - МАЏ технологија“ е спас за скапиот Македонски интернет ...

** Има моменти во животот кога добра интернет-врска ви е поважна од кислород.
** Светот веќе неколку години ужива во благодатите на интернет-технологијата Њи- МАЏ, чии креатори се гордеат со фактот дека ги решиле проблемите што ги спомнавме.
** Првите експерименти со овој начин на интернет-врска Американците ги направиле во 2005 година. Повеќе од година и пол технологијата е достапна и во Јужна Кореја и на Тајван.
**
Предноста на Њи - МАЏ технологијата е во многу поголемите брзини и капацитети. Инженерите ја нарекуваат Њи - Фи технологија под стероиди.
**
Неделава Македонија ќе се приклучи на овој светски тренд. Агенцијата за електронски комуникации деновиве треба да објави тендер за поделба на фреквенции на кои работи Њи - МАЏ технологијата.
** Провајдерите го пуштаат интернет-сигналот преку неколку репетитори поставени на високите згради и на ридови околу населените места. Домаќинствата и фирмите го прифаќаат сигналот со антени кои се евтини и лесни за инсталирање.
** Предноста на ова технологија е тоа што почетната инвестиција и одржувањето на системот е многу поевтин во споредба со преносот на интернет-сигнал преку кабли.
** Предавателите кај Њи – МАЏ покриваат радиус од околу 20 километри, додека кај Њи – Фи технологијата предавателите пуштаат сигнал на најмногу од 600-700 метри.

Е добро скоро целиот текст го дадов погоре а може и смите да го прочитате од линкот погоре ... Искрајно долго време ми требаше да сфатам дека се работи уствари за "WiMax - технологија“

Идејата на постов ми е да критикувам употреба на кирилица за типични изрази кои се со латиничен назив лесно претпознатливи ... а згора на се иако овој напис на Шпиц го читам на интернет нема ни линк - кој би посочил за што се зборува во постот ...

За ова нели имав и пост - ЛИНК ... ЛИНКУВАЊЕ ... Блог ... Интернет ... 23 Март, 2007 - 20:33 ... каде ја нагласив потребата од линкување ...

Сурфањето на Интернет и воопшто постоењето на Интернет - скоро да не би било можно без линкувањето ... Линк е термин кој означува директна врска помеѓу две веб страници. Значи упростено - за да отидеме на некоја друга веб страна едноставно кликуваме над означениот линк - кој не води на нова веб страна ...

А упатив и критика зошто Печатените медиуми и интернет страните на ТВ весниците ... не даваат линкови ... и не можеме докрај да сватиме за што се пишува во некој напис ... како во написот во случајот на Шпиц од насловот ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter