Search This Blog

Saturday, May 05, 2007

Дуќанџик Џамија

Скопје е и град во кој има многу Џамии - кои заедно со Турците дојдоа во Скопје. Ги има повеќе - од кои повеќето се постари. Сконцетрирани се во општина Чаир и во околината на старата скопска чаршија.

- Султан-муратовата џамија е најстарата зачувана џамија во Скопје. Изградена во 1436 година, во времето на султанот Мурат II, на едно од најдоминантните места во Скопје, на возвишение во стариот дел на градот.
Позната и како Хунќар (турски:Hunkâr, царева, султанска) џамија или Саат џамија (заради саат кулата која се наоѓа во нејзиниот двор). Денешниот изглед се разликува од првобитниот заради големите оштетувања кои ги претрпела во повеќе пожари, воени пустошења и земјотреси.
Во комплексот на џамијата се наоѓаат и две турбиња – турбето на Бејхан Султан и семејната гробница на Али-паша од Дагестан.

- Саат-кулата во Скопје шестокатна саат-кула северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија. Подигната е во периодот помеѓу 1566 и 1573 година. Таа била првата саат-кула на територијата на Османлиската држава. Механизмот на саатот бил донесен од саат кулата во Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на турците. Изградена е на темелите на порана средновековна одбрамбена кула. Некогаш била дрвена, но подоцна била преградена со тули.
Саат кулата била забележена од повеќе патеписци кои го посетиле Скопје. Во минатото овој објект бил еден од најинтересните во Скопје и го привлекувал вниманието на минувачите:
- Хаџи Калфа забележал дека Скопје има една саат-кула, најголема од сите кули кај христијаните. Тој објаснува дека таа ги отчукувала часовите и дење и ноќе, а ѕвоното, се слушало „на два часа далечина“.
- Францускиот патеписец Филип Дифрен-Кане во 1573 година пишува дека Скопје има еден јавен часовник што се слушал во целиот град и кој ги отчукувал часовите на француски начин.
- Кулата претпрела големи оштетувања во пожарот од 1689. Во 1902/1903 година нов покрив (направен од цигли донесени од Солун) го заменил стариот дрвен покрив од саатот, за време на владеењето на Али–Хивза Паша. Исто така, механизмот од сатот бил заменет со нов, овој пат донесен од Швајцарија. Оштетена е исто така и во земјотресот од 1963. Денес таа е обновена, но без механизмот на часовникот.

- Мустафа-пашината џамија се наоѓа на потегот помеѓу Куршумли ан, црквата Св. Спас и Кале, во Скопје. Овој храм, кој е еден од најубавите исламски споменици во Скопје, бил подигнат во 1492 година од страна на скопскиот заповедник Мустафа Паша, чие име е врежано на плочата над влезната врата. Мустафа Паша бил везир на султаните Бајазит II (1481-1512) и Селим I (1512-1520) и извршувал високи државни функции во Отоманската империја.
Денес комплексот на Мустафа-пашината џамија го сочинуваат џамијата, турбето на Мустафа Паша, саркофагот на неговата ќерка Уми, шадрванот, неколку надгробни нишани, како и остатоци од некогашните имарет и медреса.

- Јахја-пашина џамија. Врз основа на сочувани документи џамијата е подигната во 1504 година од Јахја-паша во Скопје. Во периодот на своето постоење таа била повеќепати поправана и доѕидувана. Пред сто години во џамијата удрил гром со што биле нанесени големи штети, гром удрил и повторно пред триесетина години. Во 1915 година, за време на Првата светска војна, Германците просторот на џамијата го користеле за артилериска работилница, така што по завршувањето на првата светска војна повторно е приспособена за вршење на верски обреди.

- Шестоаголното турбе кое се наоѓа веднаш зад Алаџи-џамијата во Скопје, е изградено во 15 век. Ѕидовите завршуваат со венец украсен со фајансови плочки во темна и светлосина боја, кои обликуваат шестокраки ѕвезди. Од нив нагоре започнува куполата што го покрива турбето.
Во 1963 година земјотресот во Скопје предизвикал оштетувања на неколку места на турбето. Подоцна се превземени конзерваторски работи при што била извршена неговата санација и заштита. Врз база на зачуваните делови од фајансните плочки биле изработени копии, кои заедно со неоштетените примероци денеска ја красат гробницата.

- Една од Џамиите на Скопје кои беа разрушени за време на скопскиот земјотрес во 1963 година е и Дуќанџик Џамија.

Исламската заедница во 2003 година имаше спор со тогашниот Заводот за заштита на споменици - бидејки ги разруши остатоците од старата Џамија - за да на нејзино место подигне нова Џамија со донација од повеќе извори. Старата Џамија била од 15 век.

Оваа џамија вчера до доживеа свеченото отварање.


** 185 гости од Турција дојдоа вчера во Скопје да присуствуваат на свеченото отворање на возобновената џамија "Дуќанџик" до полициската станица на Бит пазар.
- Земјотресот од 1963 година ја разруши "Дуканџик" џамијата, а остана недопрено само нејзиното минаре.
- Во 2004 година бил формиран Иницијативен одбор за реконструкција на џамијата во на чело со последниот нејзин имам од 1963 година, Хатиз Идриз ефендија.
- "По започнувањето на градежните работи во 2004, изградбата беше запрена поради недостиг на пари, па мојот татко испрати писмо до гувернерот на третиот по големина арапски емират "Шаржах", во кое побара финансиска помош за доизградба на џамијата. Тој ни испрати 170 илјади евра", вели Бенјамин Идриз, син на последниот имам.
- Покрај арапската донација средства за џамијата донирале турски организации, џамии, како и македонски бизнисмени.
- Изградбата на џамијата чини околу 500 илјади евра.

Пред извесно време поминував во Дуќанџик и морам да кажам дека џамијата е прекрасно направена.

Султан-муратовата џамија со саат-кулата

Султан-муратовата џамија со саат-кулата
Препорачани линкови:

- Турбето во Алаџa-џамија - Скопје - 24-апр-2007

No comments:

Blog Archive

Site Meter